Италијанци

Италијанците (на италијански: italiani) се етничка група кој во глобала најмногу е населена во Италија (родната земја), но и во останатиот дел од Западна Европа како и Јужна и Северна Америка. Во Италија денеска не рачунајќи ги останатите народи има повеќе од 22 милиони Италијанци. Според ОН во Италија живеат околу 65 нации, а Италијанците се присутни дури во 61 држава.

Италијанци
Italijanci
italiani

Галилео Галилеј • Микеланџело Буонароти • Леонардо да Винчи • Александар Волта • Гуљелмо Маркони  • Марија Гаетана Агнези • Марија Монтесори • Џордано Бруно
Вкупен број на населението

129,000,000
(околу 2% од вкупната светска популација)

Региони со значително население
Италија Италија56 милиони[1]
Бразил Бразил28 милиони[2]
Аргентина Аргентина20 милиони[3]
САД САД17,8 милиони[4]
Уругвај Уругвај1,500,000[5]
Канада Канада1,445,335[6]
 Венецуела Венецуела900,000[7]
Австралија Австралија852,418[8]
Швајцарија Швајцарија527,817[9]
Германија Германија611,000[10]
Перу Перуоколу 500,000[11]
Франција Франција380,000[12]
Белгија Белгија290,000[13]
Чиле Чиле150,000[14]
Обединето Кралство Обединето Кралство133,500[15]
Шпанија Шпанија153,700[16]
Мексико Мексико50,000[17]
ЈАР Јужна Африка35,000
Хрватска Хрватска19,636[18]
Еквадор Еквадор15,000[19]
Монако Монако10,000[20]
Јазици
италијански
Религии
најчесто Католицизм, други

Име

Коренот на името потекнува од зборот Italus (од старогрчки: Italós). Во грчките митови Италос е син на Телегома и Пенелопе. По други митови тој бил водач на сицилијанските племиња Сикула или пак Лигура. Од Италус народот кој го населил Апенинскиот Полуостров денеска нарекуваат Италијанци (на англиски Italians).

Историја

Потекло

Татковината на старите италски племиња

Италијанците водат потелко од старите племиња кои во 1 век п.н.е. се населиле на врвовите на алпите како и низ целиот Апенински Полуостров и Сицилија. Овие народи имаа различно потекло. Најстари од сите се Лигурите и Илирите. Некаде во VIII век п.н.е. помеѓу реките Арно и Тибар настанале и Етрурците, кои до VII век се прошириле до реката По и островот Корзика. Освен овие племиња имало и други.

Италијанците како тема во уметноста и во популарната култура

Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ ги опишува Италијанците како најсвирепите луѓе во љубовта,[21] а Италијанките ги опишува како „сопруги и мајки“,[22] но и дека „бараат сентименталност и пари“.[23] Според него, Италијанецот е несигурен и како пријател и како непријател,[24] а од сите народи, италијанскиот народ најлесно ја поднесува тиранијата.[25]

Во 1965 година, режисерот Џузепе де Сантис го снимил филмот „Италијанците добри луѓе“ (италијански: Italiani Brava Gente).[26]

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица