Мартен Тјалинги

холандски велосипедист

Мартен Питер Тјалинги (холандски: Maarten Pieter Tjallingii; р. 5 ноември 1977 во Леуварден) — поранешен холандски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал од 2003 до 2016 година.

Мартен Тјалинги
Тјалинги на Е3 Харелбеке 2009
Лични податоци
Цело имеМартен Питер Тјалинги
Роден5 ноември 1977(1977-11-05)(46 г.)
Леуварден,  Холандија
Висина1,88 м
Маса81 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски и планински велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за бегства[1]
Професионални клубови
2003–2005
2006–2007
2008
2009–2016
Марко Поло
Скил-Шимано
Сајленс-Лото
Рабобанк
Значајни победи
Етапни трки
Трка околу Белгија (2006)
Трка околу Езерото Ќингхај (2007)
Последна промена
19 јануари 2017

Последно возел за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[2]

Кариера

Негова најголема победа била освојувањето на Трката околу Белгија во 2006 година.[3] Како чест учесник во бегствата на поголемите трки, негови најпознати резултати се третото место на Париз-Рубе 2011 и четири дена ја носел маичката за планинскиот пласман на Џиро д’Италија 2014.[1]

Тјалинги бил избран да настапи на Тур де Франс 2012, но паднал на третата етапа, иако продолжил уште 40 километри и завршил над десет минути зад победникот Петер Саган. Меѓутоа не успеал да ја започне четвртата етапа, поради фрактура на левиот колк.[4]

Тјалинги настапил на Џиро д’Италија 2016, која започнала во Холандија и имал успеси на првите етапи. Ја добил наградата за најборбен возач на втората етапа пред да го земе водството во планинскиот пласман на третата етапа, која завршила 250 метри од неговиот дом во Арнем. Претходно објавил дека ќе се повлече од возење во јуни, но потпишал шест месеци продолжување на договорот со Џамбо-Висма за 2016.[5][6]

Личен живот

Тјалинги е еден од малкумината познати вегетаријански велосипедисти.[7] Изгубил еден од своите бубрези како дете.[8]

Достигнувања

2001
3. Краен пласман Тур ду Фасо
1. Етапа 2
2003
1. Краен пласман Тур ду Фасо
1. Етапа 1
1. Трка околу Реде
2004
2. Национално планинско првенство
2006
1. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 1
1. Краен пласман Трка околу Езерото Ќингхај
1. Етапа 7
2007
2. Краен пласман Трка околу Белгија
2011
3. Париз-Рубе
2013
1. Етапа 2 Светски пристаништен класик
2015
1. ГП Бекман-Де Калуве
2016
Награда за борбеност на етапа 6 Тур Даун Андер

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка200820092010201120122013201420152016
Џиро9813192119124
Тур13198СО
Вуелта58137СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски