Холандски јазик

западногермански јазик

Холандски () — западногермански јазик, мајчин јазик на Холанѓаните. Јазикот е доминантен во Холандија, во повеќе од половината на Белгија и Суринам. Повеќето од говорниците на холандскиот јазик се наоѓаат во Европската Унија, каде е мајчин јазик на околу 23 милиони луѓе, а како втор јазик го зборуваат околу 5 милиони.[2][3]

Холандски јазик
Фламански јазик
Nederlands, Vlaams
Изговор[ˈneːdərlɑnts]  ( слушни)
Застапен воВоглавно во Холандија, Белгија, и Суринам; но и во Аруба, Курасао, Свети Мартин, како и во Франција.
ПодрачјеЗападна Европа, Јужна Америка и Карипски Острови.
Говорници23 милиони  (2006)[1]
вкупно: 28 милиони[2]
(без африканс)
Јазично семејство
индоевропско
Претходни облици:
старохоландски
  • среднохоландски
    • холандски јазик
Писмохоландска латиница
Статус
Службен во Аруба
 Белгија
 Курасао
 Холандија
 Свети Мартин (Холандија)
 Суринам
Бенелукс Бенелукс
Европска Унија ЕУ
Сојуз на јужноамерикански нации СЈАН
Признаен како малцински во ЈАР
 Намибија
 Индонезија
Регулативен органNederlandse Taalunie
(Холандски јазичен сојуз)
Јазични кодови
ISO 639-1nl
ISO 639-2dut (B)
nld (T)
ISO 639-3Разни:
nld — холандски/ фламански
vls — западнофламански
zea — зеландски
lim — лимбуршки
Linguasphere52-ACB-a (варијанти:
52-ACB-aa до -an)
{{{mapalt}}}
Региони каде се зборува холандскиот.
Холандски јазик
Писмолатиница
ПримерПрв член од „Декларацијата за човекови права“
ТекстAlle mensen worden vrij en gelijk in waardigheid en rechten geboren. Zij zijn begiftigd met verstand en geweten, en behoren zich jegens elkander in een geest van broederschap te gedragen.
МакедонскиСите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Холандскиот е службен во Холандија, Белгија, Суринам, Аруба, Курасао и Свети Мартин. Холандските дијалекти се зборуваат и во делови од Франција или Германија, а во помал дел и во Индонезија,[б 1] и до пола милион Холанѓани кои живеат во САД, Канада и Австралија.[б 2] Кејпскохоландските дијалекти во Јужна Африка биле стандардизирани и денес се познати како африканс, јазик кој потекнува од холандскиот[б 3] и кој денес се зборува од 15 до 23 милиони луѓе во Јужноафриканската Република и Намибија.[б 4]

Холандскиот е сроден со германскиот и англискиот [б 5] и се вели дека е помеѓу овие два јазика.[б 6] Освен тоа што не подлегнал на промената на согласките, холандскиот - како и англискиот - не користи падежи, нема прегласи како граматички бележници и има морфолошки нивелирање.[б 7] Холандскиот има три рода,[4] но ова разграничување има мали граматички последици одошто тие во германскиот.[б 8] Холандскиот со германскиот ја споделува употребата на зборовниот редослед подмет-прирок-предмет во независни реченици, и подмет-предмет-прирок во зависни реченици.[б 9] Холандскиот зборовен фонд е воглавно од германско потекло, како и во германскиот и англискиот јазик, но има повеќе позајмени зборови од романските јазици во однос на германскиот, а помалку во однос на англискиот.[б 10]

Име

Јазикот во македонскиот е познат како „холандски“, а матично јазикот се именува како nederlands. Овој поим се користи да се означи целокупниот јазик, со сите свои дијалекти и регионални варијации. Сепак, понекогаш, холандскиот јазик кој се зборува во Белгија се нарекува фламански.

Класификација

Холандскиот е западногермански јазик, дел од групата на долнофранконски јазици, каде е класифициран со лимбуршкиот јазик, и двата јазика се издвојуваат со мешањето на одликите на долногерманските и горногерманските дијалекти.[5] Од едната страна, холандскиот е дел од дијалектниот континуум со германскиот.

Сите три јазика подлегнале на промена на /θ/ > /d/, имаат обезвучување на крајна согласка (brood "леб" [broːt]), и издолжување на кратките самогласки во акцентирани отворени слогови, што пак довело до контрастивна самогласна должина која се користи како морфолошки бележник. Холандскиот се издвојува од долногерманските и горногерманските по задржувањето на согласните групи /sp/ и /st/, а /sk/ се променила во /sx/. Тој исто така не развил и-мутација како морфолошки бележник, иако некои источни дијалекти покажуваат знаци на ова. Во раните периоди, долнофранконските се издовојувале од долногерманските по одржувањето на тројниот множински глагол при конјугација, односно -un, -it, -unt (старохоландски) → -en, -t, -en (среднохоландски).

Во современиот холандски, поранешната наставка за второ лице множина (-t) се користиле за второ лице еднина, а за множина сите лица ја зеле наставката -en. (ik maak, jij maakt наспроти wij maken, jullie maken [јас правам, ти правиш наспроти ние правиме, вие правите]). Холандскиот и долногерманскиот покажуваат распад на постарите ol/ul/al + забна согласка во ol + забна согласка, но во холандскиот каде и да било да се појави /l/ таа е преконсонантна, а после кратки самогласки таа е вокализирана, на пример: хол: goud „злато“, zout „сол“, woud „шума“ - ДГ Gold, Solt, Woold : гер: Gold, Salz, Wald.

Со долногерманскиот, холандскиот споделува:

  • развојот на /xs/ > /ss/ (хол. vossen „лисици“, ossen „волови“, ДГ Vösse, Ossen и гер. Füchse, Ochsen)
  • /ft//xt/, иако е почесто во холандскиот (хол. zacht „меко“, ДГ sacht и гер.sanft, но хол. lucht „воздух“ наспроти ДГ. гер. Luft)
  • генерализација на дативот за сметка на акузативот за одредени заменки (хол. mij „мене“ (среднохол. di „тебе“), ДГ mi/di наспроти гер. mich/dich)
  • недостаток на втора согласна промена
  • монофтонгизација на *ai > ē и *au > ō, пр., хол. steen „камен“, oog „око“, ДГ Steen, Oog наспроти гер. Stein, Auge, иако ова не е точно за лимбуршкиот (sjtein, oug). Монофтонгизацијата во холандскиот не е целосна, и во некои зборови не е доследна klein („мал“) и geit („коза“).
  • губење на германското -z (што подоцна станало -r) во едносложни зборови. На пример, германскиот збор wir „ние“ одговара со холандскиот wij. Лимбуршкиот немал губење, veer.

Со германскиот, холандскиот споделува:

  • повратната заменка zich (гер. sich). Оваа е преземена од лимбуршкиот, и поради тоа во повеќето дијалекти заменката е hem/haar.
  • дифтонгизација на германските ē² > ie > i и ō > uo > u (хол. hier „тука“, voet „стапало“, гер. hier, Fuß (од постаро fuoz) наспроти ДГ hier [iː], foot)
  • озвучување на предвокалните почетн безвучни алвеоларни струјни согласки, на пример хол. zeven „седум“, гер. sieben и ДГ söven.

Правопис

Холандскиот јазик се пишува со латиница, поточно холандска азбука. Холандската азбука е стандардната латинична азбука, но има еден диграф плус, тоа е ij. Јазикот има висок размер на удвоени букви, како согласки така и самогласки, поради создавањето на сложени зборови, но и поради правописните правила кои се воведени за да се разграничат различните самогласки во холандскиот.

големи букви
ABCDEFGHIJKLMNOPQRSTUVWXYZ
мали букви
abcdefghijklmnopqrstuvwxyz

Во холандскиот надредниот знак две точки (хол. trema) се користи за да се означи самогласка која треба да се изговори поединечно. Во скорешните правописни реформи, црта ги заменила точките во сложените зборови (пример, zeeëend [морска патка] се пишува како zee-eend). Надредниот знак за акцент се користи кај позајмени зборови, на пример café, но може да се користи за потенцирање или разграничување помеѓу две форми. Неговата најчеста употреба е да се разграничи меѓу неопределениот член 'een' и бројот 'één' (еден) (слично како кај македонските се и сè)

Холандскиот како втор јазик

Како странски јазик, холандскиот воглавно се изучува во основните и средни училишта кои се во близина на Холандија и Фландрија. Во францускиот дел на Белгија, над 300.000 деца го изучуваат јазикот, но и околу 20.000 деца во германските сојузни држави Долна Саксонија и Северна Рајна-Вестфалија. Во Франција јазикот го изучуваат околу 7.000 деца (од кои 4.550 се во основните училишта).[6] Холандскиот е главен јазик за предавање во Суринам, дури и за луѓе за кои холандскиот не е мајчин.[7] Холандскиот јазик се изучува во различни образовни центри во Индонезија, а меѓу нив најпознат е Јазичниот центар Еразмо во Џакарта. Секоја година од 1.500 до 2.000 ученици го изучуваат јазикот во Центарот.[8] Вкупно, неколку илјадници Индонезијци го изучуваат јазикот како странски.[9]

На академско ниво, холандскиот се изучува во над 225 универзитети во над 40 држави. Околу 10.000 студенти во светот учат холандски во универзитетите.[10] Најголемиот број факултети каде се изучува холандскиот се во Германија (30 универзитети), а потоа следат Франција и САД со по 20 универзитети. 5 универзитети во Обединетото Кралство понуддуваат изучување на холандскиот.[6][11] Поради минатото владеење на Холандија со Индонезија, старите документи се испишани на холандски. Поради тоа, бројни универзитети го вклучуваат холандскиот како странски јазик, особено за студентите по право и историја.[12] Така, во Индонезија се добива бројка од 35.000 студенти.[10] Тешко е да се одреди бројката во Јужноамериканската Република, бидејќи академските програми на африканс го вклучуваат и холандскиот.[10] Во остатокот од светот, бројот на луѓе што го изучуваат холандскиот е многу мал.

Поврзано

Наводи

Белешки

Литература

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица