Симоне Фонтекио


Симоне Фонтекио (роден на 9 декември 1995 година) е италијански кошаркар, крило на Јута Џез во НБА и на италијанската репрезентација.

Симоне Фонтекио


Лични информации
Роден на9 декември 1995(1995-12-09)(28 г.)
Роден воПескара, Италија
НационалностИталија Италија
Висина2,03 м
Тежина95 кг
Позицијакрило
Информации за кариерата
Драфт2017 / Не драфтуван
Проф. кариера2012—
Моментален клуб
КлубЈута Јута Џез
Број16
Сениорски клубови
Години:Клубови:
2012–2016
2016–2019
2017–2018
2019–2020
2020–2021
2021–2022
2022–
Виртус Болоња Виртус Болоња
Олимпија Милано Олимпија Милано
Ваноли Кремона Ваноли Кремона
Реџана Реџана
Алба Берлин Алба Берлин
Басконија Басконија
Јута Јута Џез
Репрезентација
2014–Италија Италија

Биографија

Тој е син на Даниеле Фонтекио и Амалија Помилио, внук на Виторио и помлад брат на Лука.

Клупска кариера

Откако ги минал сите младински категории со Виртус Болоња, тој дебитирал во Серија А во сезоната 2012-2013 против Анџелико Бјела. Првата сезона ја затворил со просеци од 2,7 поени и 1,4 скока во 12 натпревари. Следната сезона тој го потврдил своето место во првиот тим и одиграл 25 натпревари со просек од 2,7 поени по натпревар. Во сезоната 2014-2015 направил серија исклучителни натпревари што му овозможило да ја освои наградата за Најдобар играч под 22 години во Серија А.[1] Истата сезона учествувал во плејофот, забележувајќи 10,3 поени и 3,3 скока по натпревар во поразот со 4-0 од Олимпија Милано.Во сезоната 2015-2016, тој ги одиграл сите 30 натпревари во регуларниот дел од сезоната со просек од 9,2 поени по натпревар.По испаѓањето на Виртус Болоња во Серија А2 тој бил ослободен од тимот. Играјќи за Виртус Болоња, тој двапати бил избран да учествува на Ол-стар натпреварите во 2014 и 2015 година.

Фонтекио се пријави за НБА драфтот 2015 на 25 април како ран учесник, две години пред автоматски да се квалификува во 2017 година.[2] Присуствувал на драфт тренингот со Бостон Селтикс во јуни 2015 година,[3] додека тие размислувале за избор во вториот круг, тој ја повлекол својата кандидатура на 16 јуни 2015 година.[4]

На 8 јули 2016 година, тој потпишал договор со Олимпија Милано. Во првата сезона, како играч од клупата имал просеци од 5,5 поени и 1,6 скокови во 21 натпревар во Серија А и 3,3 поени и 1,5 скокови во 10 натпревари во Евролигата.

На 5 декември 2017 година, отишол на позајмица до крајот на сезоната во Ваноли Кремона,[5] каде сезоната ја завршил со за него највисоки дотогаш во кариерата во просек 10,6 поени по натпревар.

По незадоволителната сезона 2018-2019 со Олимпија Милано, каде Фонтекио играл во просек само 0:48 минути во Евролигата[6] и 2,8 минути во Серија А,[7] Фонтекио требало да се приклучи на неговиот поранешен тим Виртус Болоња, чиј тренер бил Александар Ѓорѓевиќ, но договорот не бил финализиран.[8]

На 18 јули 2019, Фонтекио потпишал за Реџо Емилија.[9]

На 7 јули 2020, тој потпишал тригодишен договор со германската екипа Алба Берлин.[10] Своето прво искуство во странство, Фонтекио го завршил после само една сезона во Германија, во која придонел за освојување на германското првенство со просеци од 11,2 поени, 2,8 скокови и 1,8 асистенции по натпревар.

На 9 јули 2021, тој потпишал тригодишен договор со шпанската екипа Саски Басконија, откако платиле откуп од 250.000 € на германскиот клуб.[11][12].

На 17 јули 2022 година, Фонтекио го потпишал својот прв НБА договор со екипата на Јута Џез, кој му понудила 6,25 милиони долари за две години.[13][14]

Репрезентативна кариера

Дебитирал за италијанската репрезентација во 2014 година, за време на Ол-стар натпреварот.

Титули

Олимпија Милано

  • Куп на Италија : 1
2017
  • Суперкуп на Италија : 1
2016, 2017, 2018

Алба Берлин

  • Германско првенство : 1
2020-2021

Наводи

Надворешни врски