Цариградски собор (879-880)

Дел од темата
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам


Цариградски собор (879-880), Четврти цариградски собор или Софиски собор — голем регионален собор на православната црква, кој се одржал во 879 и 880 година во Цариград. Соборот го свикал византискиот цар Василиј, во договор со цариградскиот патријарх Фотиј. На соборот, бил осуден секој обид за промена на изворниот Никејско-цариградски симбол на верата, било преку вадење или додавање. Оваа одлука била насочена против вметнувањето на поимот филиокве (лат. Filioque) во симболот на верата, односно против учењето за двојното произлегување на Светиот Дух од Отецот и Синот. Одлуките на овој собор ги потврдил тогашниот римски папа Јован VIII.[1]

Иако овој собор првично беше прифатен како општ, со текот на времето Римската црква почнала да се оддалечува од неговите одлуки, а кога вметнувањето на филиокве околу 1014 година било официјално прифатено и во самиот Рим, дошло до забрзано нарушување на претходното црковно единство, што на крајот резултирало со Големиот раскол (1054). И покрај тоа, Цариградскиот собор од 879-880 година ја задржал својата важност во Православната црква, а многу православни христијани го сметаат за рамноправен и го нарекуваат Осми вселенски собор.[2]

Историја

По смртта на цариградскиот патријарх Игнатиј во есента 877 година, Фотиј се вратил на патријаршискиот престол во Цариград, кој со согласност на тогашниот византиски цар Василиј (867-886) одлучил да свика голем црковен собор, со цел преиспитување на спорните одлуки на претходниот Цариградски собор од 869 - 870 година. Согласност за свикување на новиот собор дал и римскиот папа Јован VIII (872-882), кој ги испратил своите легати во Цариград.[1]

Соборот се состанал во есента 879 година, со учество на претставници на сите источни патријаршии, како и на Римската црква, која ја претставуваа папските легати (емисари) Еуген, Петар и Павле. Во работата на соборот учествувале дури 383 епископи. Соборот усвоил три канони, кои биле вклучени во корпусот на канонското право на Православната црква. На соборот биле поништени сите спорни одлуки на претходниот Цариградски собор од 869-870 година.[3]

Соборот едногласно го потврдил изворниот Никејско-цариградски симбол на верата, без никакви исфрлања или дополнувања, официјално осудувајќи го секој обид за испуштање или внесување поедини зборови или изрази. Во таа прилика учесниците на соборот истакнале: „Со сето срце прифаќаме и со свои усни признаваме дека го исповедаме древниот Симбол на верата без никакво одземање и без додавање, без менување или оштетување“, со изрекување предупредување и осуда: „ако некој дозволи промена или додавање на овој Симбол, како и оној што ќе се осмели да го стори тоа, нека е проклет“.[4] Со оваа одлука, бил отфрлен секој обид да се вметне изразот филиокве (лат. Filioque) во Симболот на верата, и со самото тоа било спречено во Симболот на верата преку споменатото вметнување да се воведе неправилното учење за двојното произлегување на Светиот Дух. Соборот ја завршил својата работа во 880 година, а неговите одлуки биле официјално потврдени од тогашниот римски папа Јован VIII.[5]

Поврзано

Наводи

Литература