Трката била освоена по третпат од возачот на Бора-Хансгрое, Петер Саган, со што го израмнил рекордот по број на победи. Трката била решена во спринтерска завршница од 20 возачи, а Саган победил пред возачот на Квик-Степ Флорс, Елија Вивијани и Арно Демар од Групама-ФДЖ.[3]
Бидејќи Гент-Вевелгем е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[4] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, заокружувајќи ја главната група од 25 екипи.[5]