Јагурина

(Пренасочено од Јагурида)

Јагурина[1][2] или јагурида[3][4]грозје од втора генерација.

Образување

Јагурина и грозд на кои се гледа разликата во зрелост

Како што расте лозата, на ластарот се појавуваат гроздови. При значаен раст може да се создаде грозд од второ цветање, но јагурината најчесто се појавува по поткршување, т.е. по отстранувањето на врвовите на ластарите, што го активира растот на „споредни“, странични гранки од втора генерација. Токму на нив се јавува второто цветање и создавањето на гроздови од втората генерација. Појавувајќи се еден месец, па дури и месец и половина подоцна од првите, тие немаат време да созреат, освен во исклучително раните години. Од друга страна, тие користат дел од енергијата што ја произведува лозата и во голем број можат да ѝ наштетат на добрата зрелост на грозјето од првата генерација (што се бере за време на гроздоберот). Јагурината има помала содржина на шеќер и поголема содржина на киселина.

Последици во лозарството

Одредени лозарски операции може да ја поттикнат појавата на јагурина. Преголемо или прерано поткршување ја поттикнува нивната појава. Некои сорти грозје, како што е гаме, се исто така поподложни на појава на јагурина. Оваа мана може да се претвори во квалитет: за време на доцните мразови што ги уништуваат првите пупки, вторичниот плод сепак може да донесе берба иако мала и не со квалитетот на првата.

Употребата на хемиски средства може да помогне да се избегне појава на премногу јагурина[5].

Илустрации

Споредба на грозд и јагурина од сортата гаме на ист датум во септември.

Поврзано

Наводи