Бојана Атанасовска

Бојана Атанасовска-Скендеровски, позната само како Бојана (родена на 14 февруари 1984, Скопје) - македонска поп пејачка и текстописец.

Бојана Атанасовска-Скендеровски
Роден(а)14 февруари 1984
Скопје, СФР Југославија
ПотеклоРепублика Македонија
Жанровипоп, поп, македонска музика
Занимањапејачка, текстописец
Инструментивокал
Период на активност2002–сѐ уште
ИздавачиПродукција Република

Животопис

Таа била водителка на емисијата Рифреш, а според неа, пеењето е уште еден предизвик за неа, и сака да проба нешто што отсекогаш го сакала.[1]

Таа ја започнала нејзината кариера во 2003 со учеството во телевизиското шоу Плеј - потрага по ѕвезди. Нејзиниот прв сингл бил "Живеј со прашањето", со која настапи на финалето на оваа манифестација, на авторскиот двоец - Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Принц (текст). Истата година таа настапила на Макфест во Штип со песната "Немам одбрана" и го освоила првото место. Во 2003 настапила на уште два натпревари, влашкиот натпревар "Fantana Di Malama" со песната "Ќе полудам" на влашки јазик, и натпреварот "Марко Поло" во Хрватска.

Бојана издала еден албум наречен "Целосно ти припаѓам". Во 2006, таа настапила на изборот за Евровизија со три песни, што предизвикало шпекулации дека натпреварот е наместен. Во финалето победила Елена Ристеска со песната "Нинанајна". Бојана издала и неколку дуети, вклучувајќи соработка со Ѓоко Танески и со црногорската група "No name" и песната "Моја мала".

Таа студирала на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.

Во моментов е водителка во емисијата "Улица Македонија".[2]

Дискографија

Албуми

  • Целосно ти припаѓам (2005)
  • Во дилема (2008)

Синглови

  • Живеј со прашањето
  • Око мое
  • Ќе полудам
  • Отплакано најмило мое
  • Немам одбрана
  • Да ми паднеш и на колена
  • Стара добра, боса нова (feat. Ѓоко Танески)
  • Моја мала (feat. No name)
  • Заљубена до крај
  • Кон небото
  • Дилема (feat. Роберт Билбилов & Тони Зен)
  • Зборови

Спотови[3]

СпотГодинаРежисер
Око мое
Стара нова боса нова
Заљубена до крај
Немам одбрана
Кон небото
Светлина на мојот пат
Во дилема2007
Нема јас да сфатам2008
Зборови лажни2008
Победио си ти2011.Дарио Јанковиќ
Најмил мој2015.Томато продукција
Овој миг2016.
Круна2020.Скендеровски Продукција
Зад завесите2022.ALEXANDER
Среќа и несреќа2022.Billy D.
Море сокол пие2022.Дарио Јанковиќ
Докажи2022.Александар Ристовски-Принц
Заветна2023.Бојана Скендеровски
Лажни светови2024.Бојана Скендеровски

Наводи