Македонски парламентарни избори (2020)

парламентарни избори во Македонија

Македонски парламентарни избори (2020)десетти по ред парламентарни избори во Македонија, одржани на 15 јули 2020 година.

Македонски парламентарни избори (2020)
Македонија
2016 ←
15 јули 2020→ 2024
→ Список на пратеници избрани на македонските парламентарни избори (2020)

120 мандати во Собранието
61 места за мнозинство
 Прва партијаВтора партијаТрета партија
 
ВодачЗоран ЗаевХристијан МицкоскиАли Ахмети
ПартијаСДСМ/БесаВМРО-ДПМНЕДУИ
ПрипадностМожемеОбнова на Македонија
Водач од201320172002
Последни избори49 места51 место10 места
Освоени места464415
Промена во местата 8 7 5

 Четврта партијаПетта партијаШеста партија
 
ВодачЗијадин СелаДимитар АпасиевМендух Тачи
ПартијаАА/АлтернативаЛевицаДПА
ПрипадностВреме е!
Водач од201620202007
Последни избори3 места0 места2 места
Освоени места1221
Промена во местата 9 2 1

Резултати од изборите по изборни единици
     СДСМ/Беса      ВМРО ДПМНЕ      ДУИ

     АА/Алтернатива      ДПА      Левица


премиер пред изборите

Оливер Спасовски(*)
СДСМ

Избран за премиер

Зоран Заев
СДСМ

Заднина

Претходните парламентарни избори се одржале во декември 2016 година, на кои ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, освоила најголем број гласови. Изборите во 2016 година биле предвремени поради политичка криза во Македонија, која започнала во 2015 година. Груевски не успеал да ја формира владата во предвидениот рок. По рекорден 171 ден од изборите, поради несогласување на претседателот Ѓорге Иванов, дури на 31 мај 2017 година била формирана новата македонска Влада, на чело со Зоран Заев, водач на СДСМ.

Меѓу главните заложби на владата на Зоран Заев било членството на земјата во меѓународните политички и безбедносни организации ЕУ и НАТО. Како услов за влез на Македонија во нив, во 2018 година бил постигнат Преспанскиот договор со Грција за решавање на спорот за името Македонија, што допира идентитетски прашања, согласно кој, меѓу другото, Република Македонија го смени своето име во Република Северна Македонија. Протоколот за членство во НАТО бил потпишан од Алијансата на 6 февруари 2019 година, проследен со процес на поединечна ратификација од секоја земја-членка.[1]

Изборите во 2020 година според нивниот редовен датум требале да се одржат на 11 декември, но најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, се обидувала од есента 2019 година тие да се одржат пред време.[2] Заев, пак, прво сметал дека изборите треба да бидат редовни, оценувајќи дека периодот пред редовниот датум на изборите е „економски драгоцен за целата трансформација“.[3]

Клучен за одлуката за предвремени избори бил состанокот на Европскиот совет одржан на 17 и 18 октомври 2019 година кога земјите-членки на ЕУ не одредиле датум за пристапни преговори за Македонија и Албанија.[4] Два дена подоцна се одржала средба на водачите на македонските парламентарни политички партии заедно со претседателот Стево Пендаровски, каде било одлучено да се одржат предвремени избори на 12 април.[5]

Преодната влада што требала да ги спроведе изборите била избрана на 3 јануари, сто дена пред првиот закажан датум за избори, согласно Пржинскиот договор, и истата ја предводел Оливер Спасовски.[6] Иако било предвидено распуштање на Собранието 60 дена пред изборите, тоа се случило на 16 февруари, a во меѓувреме биле изгласани Законот за јавно обвинителство и Законот за одбрана.[7]

Во периодот пред предвремените избори, Македонија била погодена од пандемијата на коронавирус, поради што изборите не се одржале на закажаниот датум во април. На 16 јуни, претседателот на Собранието Талат Џафери потпишал решение за одржување на парламентарните избори на 15 јули.[8]

Резултати

ПартијаГласови%Мандати+/–
Коалиција „Можеме“ (СДСМ, Беса и останати)327.40835,89468
Коалиција „Обнова на Македонија“ (ВМРО-ДПМНЕ и останати)315.34434,57447
ДУИ104.69911,48155
Алијанса за АлбанцитеАлтернатива81.6208,95129
Левица37.4264,1022
ДПА13.9301,5311
Интегра12.2911,350нова партија
ГДУ3 5550,390нова партија
МОРО-Работничка партија3.2450,360
Глас за Македонија2.8020,310нова партија
Единствена Македонија2.6040,290
СДУ (Македонски Концепт)2.5850,280
Твоја1.8940,210
Демократи1.5580,170нова партија
НПР1.2250,130нова партија
Неважечки гласови31.564
Вкупно943.748100120
Регистрирани гласачи1.814.26352,0
Извор: ДИК Архивирано на 15 јули 2020 г.

Резултати по изборни единици

Изборна единицаСДСМ/БесаВМРО-ДПМНЕДУИАлијанса за АлбанцитеЛевицаДПА
Изборна единицаСедиштаГласови%СГласови%СГласови%СГласови%СГласови%СГласови%С
Изборна единица 12054.61834,16%850.56431,63%719.48812,19%214.3378,97%212.0007,51%11.9661,23%0
Изборна единица 22047.89131,21%747.92931,24%722.37414,58%320.91213,63%35.8963,84%01.8581,21%0
Изборна единица 32066.85342,81%971.55145,82%103.3312,13%09920,64%06.9394,44%12420,15%0
Изборна единица 42077.19546,76%1074.47845,11%102930,18%02130,13%06.8354,14%0
Изборна единица 52056.62236,67%855.15935,72%821.74514,08%310.7166,94%14.7153,05%07810,51%0
Изборна единица 62024.22919,67%415.66312,71%237.46830,41%734.45027,96%61.0410,84%09.0837,37%1
Македонија327,40835.89%46315,34434.57%44104,69911.48%1581,6208.95%1237,4264.1%213,9301.53%1

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица