Гордана Сиљановска-Давкова

Гордана Сиљановска-Давкова (родена на 11 мај 1953 година во Охрид) — претседател на Македонија, универзитетски професор, правник.[1] Таа станала претседател на Македонија, откако победила во вториот круг на претседателските избори на 8 мај 2024 година.

Гордана Сиљановска-Давкова
6. Претседател на Македонија
На должноста
Стапил
12 мај 2024
ПретходникСтево Пендаровски
Пратеничка во Собранието на Македонија
На должноста
2020 – 2024
Министер во Влада на Република Македонија
На должноста
1992 – 1994
ПретседателКиро Глигоров
ПремиерБранко Црвенковски
Член на уставната комисија на Собранието на Република Македонија
На должноста
1990 – 1992
Лични податоци
Роден(а)11 мај 1953(1953-05-11)(71 г.)
Охрид, НР Македонија, ФНРЈ
ПартијаВМРО-ДПМНЕ
Деца2
УстановаПравен факултет „Јустинијан I“ - Скопје
Професијаправник, професор
ВероисповедПравославен христијанин

Животопис

Гордана Сиљановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment - between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.[2]

Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024.

На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која била одржана во Струга, Гордана Силјановска-Давкова била избрана за претседателски кандидат.[3]
На парламентарните избори во 2020 година, Силјановска е носител на кандидатскиот список за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборна единица 1. Од август 2020 година до 12 мај 2024 година таа е пратеник во македонското Собрание. На 12 мај 2024 година станува Претседателка на Македонија по победата во вториот круг на претседателските избори на 8 мај 2024.

Претседателство

Церемонијално предавање на претседателската функција во вила Водно

Сиљановска била инаугурирана за претседател на 12 мај 2024 година. При читањето на заклетвата наместо уставното име „Република Северна Македонија“ изговорила „Македонија“. Во знак на протест, амбасадорката на Грција Софија Филипиду го напуштила Собранието.[4]

Наводи

Надворешни врски

Политички функции
Претходник
Стево Пендаровски
Претседател на Македонија
2024 –
Наследник
Во служба