Јаде (општина)

Јаде (германски: Jade) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на истоимената река, околу 23 километри северно од Олденбург и 50 километри северозападно од Бремен.

Јаде
Велепоседничка куќа Швајбург
Велепоседничка куќа Швајбург
Велепоседничка куќа Швајбург
Грб на Јаде
Јаде (општина) во рамките на Германија
Јаде (општина)
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругВезермарш
ГрадоначалникХенинг Карс (UWG)
Основни податоци
Површина93,57 км2
Надм. височина5 м
Население5.860 (31 декември 2020)[1]
 - Густина63 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.BRA
Пошт. бр.26349
Повик. бр.04454, 04455
Порталgemeinde-jade.de
Местоположба на Јаде во рамките на округот Везермарш
Карта
Карта
Координати53°20′40″N 8°14′25″E / 53.34444° СГШ; 8.24028° ИГД / 53.34444; 8.24028

Географија

Местоположба

Општината Јаде е најзападната општина во округот Везермарш. Се наоѓа 25 километри северно од Олденбург и околу 30 километри јужно од Вилхелмсхафен. Окружниот град Браке е оддалечен 20 километри. Се граничи 12 километри во должина со Јадскиот Залив. Малата река Вапел се влива кај Јаде во реката Јаде, која поминува низ општината и го носи нејзиното име.

Соседни општини

Општината се граничи на север со Јадскиот Залив, на североисток со општината Штадланд и на југоисток со општината Овелгене. Обете општини припаѓаат на истиот округ како Јаде, округот Везермарш. На запад се граничи со општината Раштеде од округот Амерланд и на северозапад се граничи со градот Фарел во округот Фризија.

Општински единици

Општината Јаде се состои од следниве места:

  • Јадерберг (околу 3.200 жители)
  • Швајбург (околу 750 жители)
  • Јаде (околу 360 жители)
  • Менцхаузен (околу 335 жители)
  • Дикмансхаузен (околу 290 жители)

Административното седиште на општината е во Јаде.

Покрај овие места, постојат и имотите Ахтермер, Боленхаген, Јадераусендајх, Кројцмор, Нордершвајбург, Зеештет, Аугустхаузен, Ренелмор, Вапелерзил и Вапелергроден.

Наводи

Надворешни врски