Јапонски јазици

(Пренасочено од Јазици во Јапонија)

Јапонските јазици се јазично семејство каде спаѓа јапонскиот што се говори на главните острови на Јапонија како и рјукјуанските јазици од островската група Рјукју. Поимот „јапонски јазици“ (Japonic languages) го вовел американскиот лингвист Леон Серафим.[1] Заедничкиот предок на јазиците се нарекува прајапонски јазик.[2] Главен елемент на оваа класификација е првото подвојување во семејството, со што сите јапонски наречја од говорите на рјукјуанскиот. Според Широ Хатори, ова одделување се случило за време на Јаматскиот период (250–710).[3]

Јапонски
Географска
распространетост:
 Јапонија
Класификација:нејасно, можеби алтајско
Гранки:
рјукјуанска
преткарска (предгајска)?
Ethnologue:17-1710
ISO 639-2 и 639-5:jpx

Карта на јапонските јазици

Академската расправа за потеклото на јапонските јазици има ред неразрешени прашања.[4] Најјасни врски дава топонимијата во јужна Кореја, која може да е од кајско (карско) потекло, или пак од некои други мошне слабо евидентирани јазици.[5]

Јазици

Јапонските (или јапонско-рјукјуански) јазици се следниве:

  • јапонски (日本語)
    • хачиџоиџимско наречје — о-ви Хачиџоџима и Дајто, вкл. Аогашима
    • главни острови
      • источно наречје — највеќето дијалекти источно од Нагоја
      • западно наречје — највеќето дијалекти западно од Нагоја
      • кјушуански — о-в Кјушу
        • сацугу — јужен Кјушу, околу Сацума; понекогаш се сметаат одвоено од кјушуанскиот
  • рјукјуански (琉球語) — о-ви Рјукју
    • амамиско-окинавски
      • амамиски (奄美語) — о-ви Амами
      • окинавски (沖縄語) — преф. Окинава
    • мијачки (宮古語) — о-ви Мијако
    • јејамски (八重山語) — о-ви Јејама
    • јонагунски (与那国語) — о-в Јонагуни

Беквит приложува и топонимски материјал од јужна Кореја како доказ за присуството на древен јапонски јазик во тоа подрачје:[6]

  • јајојски
    • јапонски
    • преткарски
  • рјукјуански

Не е јасно дали „преткарскиот“ има врска со јазикот на подоцнежниот сојуз Гаја (Кара).

Наводи

Надворешни врски