Јани Атанасов

македонски фудбалер

Јани Атанасов (роден 31 октомври 1999 година) ― македонски професионален фудбалер кој игра како играч од средниот ред за полскиот клуб Краковија.

Јани Атанасов
Атанасов играјќи за Македонија во 2023 година
Лични податоци
Полно имеЈани Атанасов
Роден на31 октомври 1999(1999-10-31)(24 г.)
Роден воСтрумица, Македонија
Висина1.87 м
ПозицијаСреден ред
Клупски податоци
Сегашен клубКраковија Краковија
Број6
Младинска кариера
2013–2017Академија Пандев Академија Пандев
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2017–2018Академија Пандев Академија Пандев29(4)
2018–2020Бурсаспор Бурсаспор11(0)
2020–2023Хајдук Сплит Хајдук Сплит55(4)
2023–Краковија Краковија9(1)
Репрезентација
2015Македонија Македонија 173(0)
2017–2018Македонија Македонија 198(3)
2018–2020Македонија Македонија 2111(6)
2021–Македонија Македонија6(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 9 април 2023
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 27 март 2023

Клупска кариера

На 5 јуни 2018 година, Атанасов му се приклучил на Бурсаспор по успешната дебитантска сезона со Академија Пандев во Првата македонска фудбалска лига.[1] Тој го направи своето професионално деби со Бурсаспор во поразот со 2–1 во Супер лигата од Фенербахче на 11 август 2018 година.[2]

На 8 септември 2020 година, Атанасов бил најавен како нов играч на ХНК Хајдук Сплит, потпишувајќи тригодишен договор.[3] Тој пристигнал како слободен играч, откако го раскинал договорот со Бурсаспор и го добил дресот со број 20.[3]

На 23 јануари 2023 година, тој бил префрлен во полскиот клуб Краковија за необјавена сума, потпишувајќи договор на три и пол години.[4]

Меѓународна кариера

Иако тој е од македонска националност, тој поседува и бугарско државјанство и затоа ги исполнува условите за да настапува за двете земји. На 11 ноември 2021 година тој го направил своето меѓународно деби за Македонија, заменувајќи го Елиф Елмас во 83. минута на натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2022 година против Ерменија, која Македонија го добила со 5-0.

Наводи

Надворешни врски