Ќатиб Шахин

Ќатиб Шахин (турски: Katip Şâhin) — старо скопско маало.

     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба

Тоа било последното северно маало, во тогашното Скопје. На југ од него се наоѓало маалото Хаџи Јонус, на запад Дубаг Шахин, додека пак на север од него се правале нови куќи, кои најчесто биле христијански. Од Камениот мост било оддалечено 1800 метри.

Историја

Маалото било основано од муслимани, но поради тоа што било крајно маало, започнала фаза на населување на христијани од околните села. Како такво, мешано, е забележано во опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година. Имало 29 муслимански и 53 христијански домаќинства. Биле забележани 66 мажи муслимани со 13 новороденчиња и 121 мажи христијани со 16 новороденчиња. Тринаесет мажи муслимани биле заведени како доселеници.[1][2]

Сегашност

Денес некогашното маало е дел од општина Чаир и има густо збиени куќи. Тука поминуваат улиците „Сараевска“ и „Ордан Чопела“.

Наводи