Џамија Абдул Азис ел-Самарај

Џамијата Абдул Азис ал-Самарај — муслимански објект кој се наоѓа во Фалуџа, Ирак.

Џамија Абдул Азис ал-Самарај
Основни податоци
МестоИрак
Припадностислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија

Џамијата добила светско внимание кога сунитските милитанти од внатрешноста на џамијата започнале ракетни напади кон американските маринци. Американските сили возвратиле на огнот, кога хеликоптер Кобра истрелал ракета кон основата на минарето на џамијата и Ф-16 намерно фрлил бомба врз џамијата[1][2]. Генералот на бригадата на американските маринци рекол дека џамијата вообичаено ќе има заштита според Женевските конвенции, но додал дека нападите од внатрешноста на зградата предизвикале да го изгуби статусот[3][4][5][6]. Првично се тврдело дека четириесет бунтовници биле убиени, но подоцна било наведено дека на местото на настанот всушност не биле пронајдени никакви тела. Други извори тврдат дека дури 50 биле убиени во нападот[7].

Наводи