Џамија на Хаџи Хамза

џамија во Охрид

Џамија на Хаџи Хамза (или Хаџи Хамза џамија) — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2][3]

Џамија на Хаџи Хамза
Поглед на џамијата
Основни податоци
МестоОхрид, Македонија
Координати41°7′0.4″N 20°47′54.0″E / 41.116778° СГШ; 20.798333° ИГД / 41.116778; 20.798333
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиски
ЗавршенXVI век
Особености
Минариња1
Прогласен закултурно наследство на Македонија

Местоположба

Џамијата е сместена во маалото Кошишта, на улица „Гоце Делчев“ бр. 53.[1]

Историја

Џамијата е изградена во XVI век заедно со медреса (исламско училиште). Подоцна е претворена во теќе, и тогаш е изградено и минарето и турбето со шадрванот.[2]

На 22 март 1968 година џамијата е прогласена за споменик на културата.[4]

Џамијата е санирана во 2009 и 2010 година.[1]

Архитектура

Градбата има скромни димензии и прост квадратен облик со централна купола,[1] михраб и минбер. Има и летен молитвен простор, летен кафе-оџак и зимски кафе-оџак.[2] Минарето има големи димензии и шестаголен облик. Џамијата е изградена од кршен камен и наместа со бондрук, а минарето е од обработен камен, подоцна малтерисано. Отворите имаат полукружен облик. На северозапад има доградба од кршен камен, која исто така е малтерисана и варосана.[1]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски