Авионска несреќа над Перм (14 септември 2008)

Авијација несреќа

Авионската несреќа на летот на Аерофлот-Норд бр.821 се случи над градот Перм на 14 септември 2008 кога авион Боинг 737-500 обраќајќи се на релација Москва-Перм несреќно се урна во мочуриште приближувајќи сè до аеродромот Големо Савино.

Окоолности

Авионската несреќа се случила во 05:10 по месно време кога авионот Боинг 737-500 кој приближувајќи сè до пистата на аеродромот поради обилните врнежи и појавата на магла изгубил контрола на 1,500m од пистата и несреќно завршил во мочуришните предели во југозападниот дел од градот.

Причини за несреќата

По првичните проценки, како причина за несреќата се посочува откоажувањето на еден од моторите на авионот.

Патници и екипаж

Во моментот на несреќата во авионот се наоѓале 81 патник меѓу кои 6 деца и 6 членови на екипажот од Архангелск и сите загинале.[1].

На авионот се наоѓеле и 16 странски државјани од:Азербејџан, Украина, Франција, Швајцарија, Латвија, САД, Германија и Турција. Тројца патници кои поседувале билети поради некои причини го испуштиле летот.

Во катастрофата загина и советникот на рускиот претседател и генерал Генадиј Трошев.

ДржаваБрој на загинати патници
 Русија65
 Азербејџан7
 Украина5
 Франција1
 Швајцарија1
 Латвија1
 САД1
 Германија1
 Турција1

За авионот

Авионот Боинг 737-500 со регистарски број VP-BKO бил произведен во 1992. Претходно бил користен од кинеската авиокомпанија Air China. Авионот бил позајмен за периодот од 28 јули 2008 до 21 март 2013. Името на лизинг компанијата Pinewatch Limited.[2]

Наводи

Надворешни врски

  • Изглед на авионот по несреќата
  • Изглед на авионот во април 2008, на аеродромот Ксиамен Кина[мртва врска]
  • „88 луѓе загинаа во авионска несреќа на авион Боинг 737 над Перм publisher=Лента.ru“. 2008-09-14. Недостасува права црта во: |title= (help)
  • „Материјали за несреќата на мрежната страница на РИА вести“.
  • местото на несреќата Wikimapia.org