Аероп

Аероп (707/8 – 659 пр.н.е.) бил брат на македонскиот крал Пердика I, основачот на македонската династија Аргеади.

Според легендата (раскажана од Херодот) трите браќа, Пердика, Аероп и Гаван од Арг доаѓаат во Лебаја да работат кај кралот; оттаму бегаат и пристигнуваат во „друг дел на Македонија и се населуваат до таканаречените Градини на Мида (син на Гордиј). Откако го зазеле тоа место, браќата, тргнувајќи оттаму, преземале напади, па ги покориле и другите делови на Македонија“.

Името на Аероп е епиграфски посведочено: A(е)иропос во Линкестида.[1][2][3]

Поврзано

  • Аероп I, Крал на Македонија, 602 – 576 гпне
  • Аероп II, Крал на Македонија, 399 – 393 гпне
  • Аероп Линкетидски командант во војската на Филип II

Наводи