Александар Ковилоски

Александар Ковилоски — македонски социолог, музичар, хип-хоп активист и првиот македонски проучувач на афроамериканската култура. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје со тема „Аспекти на македонската хип-хоп култура“. Магистирал на тема „Афроамериканска култура“.[1]

Книги

Автор е на книгите: „Создавање на афроамериканска култура и уметност“ (2013) и „„Рециклирање на ѕидовите – аспекти од пенолошката теорија и пракса“ (2017). Соавтор е на книгите (заедно со Славчо Ковилоски): „Аспекти на македонската урбана култура - Хип Хоп Македонија“ (2005), „Хип-хоп книга“ (2007) и „Хип-хоп речник (англиско-македонски)“ (2008).[2][3]

Активности

Како член на хип-хоп групата Клан Исток, Александар заедно со Славчо Ковилоски имале повеќе активности за збогатување на македонската урбана култура со одржување на предавања за хип-хоп и урбаната култура ширум државата во Скопје (Филозофски факултет, American Corner-Скопје, Точка, гимназиите „Јосип Броз“ и „Орце Николов“), Битола, Струга и на други места.[4][5]

Режисер е на документарниот филм „Сложувалка“ за кој ги има добиено следните награди: 2015 - Македонски Алтернативни Награди (МАН) - награда за најдобар македонски документарен филм; 2016 - Музички фестивал „Dok’ n’ Ritam“ - специјална награда за уметничка искреност.[6]

Наводи