Александар Пандов

Александар Пандов (р. 1971 во Скопје) — поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, а сега истакнат аналитичар. Како пратеник во Собранието на Македонија бил член на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Бугарија.[1]

Во 1997 година учествувал во студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје.[2] Како член на ВМРО-ВМРО (Вистинска македонска реформска опција, предводена од Борис Змејковски) тој претставува близок соработник на Борис Стојменов.[3]

Животопис

Рани години и образование

Александар Пандов е роден во 1971 година во Скопје. Завршил историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Добро го познава англискиот јазик.[1]

Професионални активности

Работел како директор на Радио РОС.[2] Бил ангажиран од рускиот стопанственик Сергеј Самсоненко како директор на ланецот на обложувачници Бетсити Балкан.[4][5][6]

Политички активности

Во 1997 година учествувал во студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје.[2]

Бил пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата. Како пратеник во Собранието на Република Македонија бил чен на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Бугарија.[1]

Како член на ВМРО-ВМРО (Вистинска македонска реформска опција, предводена од Борис Змејковски) тој претставува близок соработник на Борис Стојменов.[3]

По смената на Љубчо Георгиевски станува дел од фракцијата која ја предводи Марјан Ѓорчев. Потоа станува член на Земјоделската партија.

Во 2015 година тврди дека не е член на ВМРО ДПМНЕ.[7]

Наводи