Антимасонство

Антимасонство (познато уште и како анти-слободно ѕидарство) — спротивставување на слободното ѕидарство[1]. Сепак, не постојат еднакви антимасонски движења. антимасонството е составено од драстично различни критики од, понекогаш некомпатибилни групи коишто, на некој начин се непријателски настроени кон Слободното ѕидарство.

Француска антимасонска изложба за време на нацистичката окупација (1942)

Првите анти-масонски документи

Најстариот антимасонски документ[2] бил леток испечатен во 1698 година од пресвитеријански министер кој се викал Винтер. Летокот гласи:

ЗА СИТЕ БОЖЈИ ЛУЃЕ, во градот Лондон. Мислам дека треба да ве предупредам за пакоста и злото практикувани пред очите на Бог од страна на т.н. ослободени масони, ви велам чувајте се за да не ве прелажат нивните обреди и тајни ветувања; и бидете претпазливи ништо да не ве натера да грешите. Бидејќи во оваа ѓаволска секта, луѓето тајно се состануваат и заколнуваат против сите без да бидат прогонети. Масонството е антихристот којшто требаше да дојде водејќи ги луѓето од стравот од Бога. Како можат луѓето да се состануваат на тајни места и со тајни знаци да се погрижат дека никој не ги гледа правејќи го Божјото дело; не ли се ова дела на злосторници? Знаејќи дека Бог ги гледа како седат во темнината тие треба да бидат поразени, а тајните на нивните срца соголени. Не се мешајте со овие корумпирани луѓе за да не се најдете во светскиот пожар[3].

Политичко антимасонство

Американско политичко антимасонство (1830 г. -1850 г.)

Во 1826 година, Вилијам Морган исчезнал од малиот град Батавија, Њујорк, откако се заканил дека ќе ги открие „тајните“ на масонството со објавување на нивните ритуали. Неговото исчезнување поттикнало некои од антимасоните да тврдат дека бил киднапиран и убиен од масоните. Исчезнувањето на Морган предизвикало низа протести против масонството, коишто на крајот се прошириле и во областа на политиката. Под раководство на антимасонот Турло Вид, анти-Џексон движењето станало (бидејќи Џексон бил масон) антимасонска партија. Политичката партија избрала претседателски кандидати во 1828 година и 1832 година, но од 1835 година партијата била распуштена секаде, освен во Пенсилванија.

Британско политичко анти-масонство (1990-денес)

Уште од 1997 година одредени членови на британската влада започнале да се обидуваат да усвојат закони коишто ѝм наложуваат на масоните кои се приклучуваат на полицијата или судството, да ги изјаснат своите членства јавно пред владата поради обвинувањата дека масоните извршуваат дела на взаемно унапредување и менување на наклонетоста. Ова движење првично било предводено од Џек Строу, Министер за внатрешни работи од 1997 година до 2001 година[4]. Во 1999 година, Велшкото собрание станало единствен орган во Велика Британија којшто поставува законска обврска за изјаснување на членството на масоните[5]. Во моментов, од припадниците на полицијата и судството во Англија се бара доброволно да признаат дека се масони[6]. Сепак, сите успешни судски кандидати морале да го „изјаснат својот масонски статус” пред состанокот во 2009 година, кога по успешниот предизвик во Европскиот суд од страна на италијанските масони, Џек Строу се согласил дека политиката е „непропорционална” и ја разрешил[6]. Спротивно на тоа, новите членови на полицијата не се обврзани да го изјаснат својот статус[6].

Во 2004 година, Родри Морган, Првиот министер на велшкото собрание, изјавил дека го прекинал именувањето на Жерард Елијас за генерален бранител поради врски со слободното ѕидарство[7], иако политичарите на не-работничката партија (анг. non-Labour Party) тврделе дека вистинската причина била да се има поддржувач од Работничката партија (анг. Labour Party), во случајов, Малколм Бишоп[8].

Прогонство од страна на комунистите

Советска Русија ги забранила сите тајни друштва во 1922 година, вклучувајќи го тука и масонството[9]. На една од Вторите меѓународни средби, Григориј Зиновјев побарал таа да се исчисти од масоните[10]. Масонството не постоело во Советскиот Сојуз, Кина или други комунистички држави[11]. По војната, повторното појавување на масонството во Чехословачка и Унгарија во 1950 година било потиснато[11]. Меѓутоа, во Куба продолжило да постои масонство во Кубанската револуција, а според кубанскиот фолклор, Фидел Кастро развил место за масоните кога им дал засолниште во масонската ложа во 1950-тите[12].

Прогонство под нацистички режим

Фашистите го третирале масонството како потенцијален непријател. Масонски писатели тврдат дека јазикот којшто се користи во тоталитарните режими е сличен со оној на некои современи критичари на масонството.

Постојано сметани за идеолошки непријател на нацизмот во нивното сфаќање на светот (Weltauffassung), осудениците во масонскиот концентрационен логор биле оценети како ,,политички” затвореници, и носеле превртен (со врвот долу) црвен триаголник[13].

Во 1943 г., пропагандата Абтајлунг, делегација на министерството за нацистичко-германски пропаганди во окупирана Франција, го нарачала пропагандниот филм Окултни сили. Филмот го навредува масонството, парламентаризмот и Евреите како дел од Виши движењето против нив и се обидува да докаже дека постои еврејско-масонски заговор.

Бројот на убиените масони во нацистичко окупираните земји не е точно познат, но се смета дека помеѓу 80.000 и 200.000 масони исчезнале под нацистичкиот режим[14]. Владата на Велика Британија основала Меморијален ден на холокаустот за да ги признае сите групи коишто биле цел на нацистичкиот режим[15], и се спротивставиле на неприфаќање на холокаустот. Масоните се наведени помеѓу оние кои се сметале за нивна цел.

Ирачко БААС антимасонство

Во 1980 г., ирачкиот правен и кривичен законик бил променет од страна на Садам Хусеин и владеачката БААС партија, правејќи го „промовирањето или прогласување на ционистичките принципи, вклучувајќи го масонството, или поврзувањето со ционистичките организации” како кривично дело[16].

Масонството и патриотизмот

Масонството наводно ги спречува своите членови од целосно посветување на нивната нација[17]. Кртитичарите тврдат дека во споредба со јасните клеветења за предавство на оперативното масонство, шпекулативното масонство (масонството по 1723 г.) било далеку подвосмислено[18]. Старата Католичка енциклопедија тврди дека масонското негирање за предавство не е засновано врз морална основа, туку врз основа на непријатностите на другите масони. Таа исто така расправа[19], дека поговорката „Лојалноста на слободата ги надминува сите други размислувања” ги оправдува предавството, и цитатите на Алберт Меки, кој рекол: „...да беа предавството и бунтот масонски злосторства, скоро секој масон во Соединетите колонии (Америка), во 1776 г., би бил осуден на протерување и секоја ложа на одземање на налогот од Големите ложи на Англија и Шкотска, под чија надлежност биле во тоа време[17].

Масонството, сепак, ѝм наложува на своите членови дека: „Во државата треба да бидете тивки и мирни предмети, верни на својата влада и праведни кон својата земја; не треба да покажувате нелојалност или бунт, туку трпеливо да служите на правната власт и гордо да се приспособите на владата на државата во која живеете[20].

Со овој товар на душата, американските масони се доследни застапници на Уставот на САД, вклучувајќи го и одвојувањето на црквата од државата[21], кое што Римокатоличката црква го гледа како прикриен напад врз местото на црквата во јавниот живот[22].

Теории на заговор

Поради својата таинствена природа, масонството долг период било мета на теорија на заговор во кои тоа или е наклонето кон светската доминација или тајно ја управува светската политика[23].

Историски гледано, постоеле жалби дека масоните тајно планирале да создадат општество засновано врз револуционерни идеали за слобода, еднаквост, братство, одделување на црквата од државата и (во Нацистичка Германија) еврејски заговор за верска толеранција[24]. Слично на тоа, некои антимасони изјавиле дека масонството е еврејски фронт за светска доминација, или барем е користено од евреите за оваа цел. Пример за ова претставува познатиот литературен фалсификат Протоколите на старите од Зион. Хитлер го забранил масонството делумно поради оваа причина. Водачот на Палестинското исламистичко движење Хамас, тврди дека масонството е ,,тајно општество” создадено како дел од ционистичкиот заговор за да го управува светот[25].

Најстариот документ којшто ги обвинувал масоните дека се вмешани во заговор бил Enthüllungen des Systems der Weltbürger-Politik („Откривање на системот на космополитската политика”), објавен во 1786 г[26]. Книгата тврди дека постоел заговор од страна на масоните, илуминатите и језуитите коишто планирале светска револуција[27]. Во текот на 19 век, оваа теорија е повторена од страна на повеќе христијански контра-револуционери[28][29], коишто ги обвинувале масоните за секој напад врз постоечкиот општествен систем[28][29].

Исто така, постојат многу други религиозни и политички теории на заговор, повеќето поврзани со владата на САД, кои тврдат дека сите претседатели се масони (всушност само 14 од 44 претседатели биле масони) или дека масоните биле вмешани во атентатот на Џон Кенеди. Многу од овие теории укажуваат на присуството на масонски симболи во архитектурата на федералните згради или во планот за улици на Вашингтон.

Религиозно антимасонство

Христијанско антимасонство

Еден од првите христијански критичари на масонството бил Чарлс Фини. Во неговата книга Карактерот, тврдењата и практичната работа на масонството, Фини не само што ги исмејува масоните, туку и објаснува зошто го гледал напуштањето на заедницата како суштествен дел, 3 години по неговото преобратување во христијанин и влегување во богословијата.

Одреден број на припадници од протестантската и православната вероисповед ги спречуваат нивните верници да се приклучат на масонските ложи, иако ова се разликува во поглед на интензитетот според вероисповедта. Некои едноставно изразуваат мала загриженост за тоа дали масонството е компатибилно со христијанството, додека пак, од друга страна, некои го обвинуваат братството за обожавање на ѓаволот[30].

Римокатоличката црква, од 1738 г., го забранила членството во масонските организации, повикувајќи се на обете, политички и религиозни причини. Сè до 1983 г. казната за католиците кои се приклучуваат на братството било изопштување[31]. Оттогаш, казната е забрана, која што го исклучува обвинетиот од Светата причест. Иако канонската казна е променета во 1983 г., тоа не е случај и со забраната за членство.[32].

Муслиманско антимасонство

Многу аргументи од страна на исламските антимасони се тесно поврзани со антисемитизмот и антиционизмот, иако постојат и други критики како што е поврзувањето на масоните со Даџал[33]. Одредени муслимани кои се противат на масонството тврдат дека масонството ги застапува интересите на Евреите низ целиот свет и дека една од нивните цели е повторната изградба на Храмот на Соломон во Ерусалим по уништувањето на џамијата Акса[34]. Во член 28 од нивниот завет, Хамас вели дека масонството, Ротари клубот, и други слични групи „работат во интерес на ционизмот и според неговите наредби....[35]” Многу земји со големо муслиманско население, не го дозволуваат постоењето на масонски ложи под нивна надлежност. Сепак, во земјите како Турција и Мароко постојат Големи ложи[36] while in countries such as Malaysia[37], додека пак, во земјите како Малезија и Либан[38], постојат Региони на Големи ложи коишто работат под раководство на некоја веќе основана Голема ложа.

Наводи

Надворешни врски

Критика за масонеријата