Астероид од типот D

тип на астероид

Астероиди од типот Dастероид со многу мало албедо и безличен црвеникав спектар.[1] Се смета дека ваквите астероиди се богати со силикати, јаглерод и безводни силикати, и можеби со воден мраз во внатрешноста. Се среќаваат во надворешноста на астероидниот појас и подалеку; примери се 152 Атала и 944 Идалго, како и највеќето Јупитерови тројанци. Постои претпоставка дека метеоритот од езерото Тагиш во Канада е парче од астероид од типот D и дека Марсовата месечина Фобос е во блиско сродство со овие астероиди.[2]

Ничкиот модел претпоставува дека астероидите од типот D може да настанале во Кајперовиот Појас.[3] Денес се познати 46 астероиди од овој тип, вклучувајќи ги: 3552 Дон Кихот, 944 Идалго, 624 Хектор и 10199 Харикло.[4]

Примери

Еве некои поголеми астероиди од типот D:[4]

ИмеКласаПречник
(км)
Утврд. на
пречникот
Категорија
SMASSТолен
267 ТирцаDDU52,68 ±3,1IRASглавнопојасен астероид
279 ТулеXD126,59 ±3,7IRASнадворешен главнопојасен астероид
336 ЛакадираXkD69,31 ±2,4IRASглавнопојасен астероид
368 ХајдејаD69,61 ±2,2IRASглавнопојасен астероид
624 ХекторD250 ±25непоср. сликањеЈупитеров тројанец
721 ТабораD76,07 ±2,5IRASнадворешен главнопојасен астероид
773 ИрминтраудTD95,88 ±1,8IRASглавнопојасен астероид
884 ПријамD110 ±10апс. вел.Јупитеров тројанец
911 АгамемнонD166,66 ±3,9IRASЈупитеров тројанец
944 ИдалгоD38 ±5апс. вел.кентаур
1143 ОдисејD125,64 ±3,7IRASЈупитеров тројанец
1144 ОдаD57,59 ±2,2IRASнадворешен главнопојасен астероид
1172 ЕнејD142,82 ±4,8IRASЈупитеров тројанец
1167 ДубјагоD63,12 ±5,6IRASнадворешен главнопојасен астероид
1256 НорманијаD69,22 ±2,8IRASнадворешен главнопојасен астероид
1269 РоландијаD105,19 ±2,8IRASнадворешен главнопојасен астероид
1578 КерквудD51,88 ±1,8IRASнадворешен главнопојасен астероид
1583 АнтилохD101,62 ±3,2IRASЈупитеров тројанец
1746 БрауерD64,25 ±4,9IRASнадворешен главнопојасен астероид
1867 ДејфобD122,67 ±3,9IRASЈупитеров тројанец
2207 АнтенорD85,11 ±3,7IRASЈупитеров тројанец
2241 АлкатојD114,63 ±5,8IRASЈупитеров тројанец
2311 Ел ЛеонситоD53,14 ±3,0IRASнадворешен главнопојасен астероид
2312 ДубошинD54,94 ±3,2IRASнадворешен главнопојасен астероид
2357 ФереклоD94,90 ±4,3IRASЈупитеров тројанец
2363 КебрионD81,84 ±5,1IRASЈупитеров тројанец
2674 ПандарD98,10 ±3,2IRASЈупитеров тројанец
2893 ПеројD87,46 ±6,9IRASЈупитеров тројанец
10199 ХариклоD302 ±30н/пкентаур

Поврзано

Наводи