Атанас Илиев

македонски ветеринар

Атанас Илиев (роден на 6 февруари 1927 година во Валандово - починал на 12 јули 1990 година во Скопје) — македонски ветеринар.[1]

Атанас Илиев
Роден6 февруари 1927
Валандово, Кралство СХС
Починал12 јули 1990(1990-07-12) (возр. 63)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец-Југословен
НародностМакедонец
Занимањеветеринар

Животопис

Атанас Илиев докторирал на Ветеринарскиот факултет во Белград (1975). Научен советник во Ветеринарниот институт во Скопје и негов директор (1985-1987). Бил потпретседател на Собранието на Општина Валандово и секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Валандово. Бил пратеник во Собранието на СРМ (1963-1965).

Наводи