Билјана Беличанец-Алексиќ

македонска глумица

Билјана Беличанец-Алексиќ (25 јули 1973 во Скопје6 април 2019 во Скопје)[1] — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица.[2] Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.[3]

Билјана Беличанец-Алексиќ
Родена25 јули 1973
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Починала6 април 2019(2019-04-06) (возр. 45)[1]
Скопје
самоубиство
НационалностМакедонка
НародностМакедонка
Познатапо улогата во:
Од денес за утре
Мајки
Занимањеглумица
градоначалник на Општина Кисела Вода

Животопис

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Ќерка е на познатиот водител на манифестации, Симон Беличанец.Во 1994 година дипломирала како најмлад глумец на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар - Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти.[4] Во 2012 година го добила признанието „Мајка Тереза“.

Смрт

На 6 април 2019 година била пронадена мртва во стан во Скопје. Според полицијата се работело за самоубиство.

Филмографија

ГодинаФилмУлога
1992Македонски народни приказни, ТВ-серија
1994Сон предизвикан од летот на калинка, пред да се разбуди ТВ-филм
1995Во светот на бајките,ТВ-серија
1997-2000Македонски народни приказни, ТВ-серија
1998Денес, утре, ТВ-филмЖената
2000Мајка Тереза, ТВ-филм
2000Погрешно време,ТВ-серијаВерче
2007Сенки, ТВ-филм
2010Мајки, ТВ-филмПродавачка
2010-2011Од денес за утре, ТВ-серијаЦветанка
2010-2011Македонски народни приказни, ТВ-серија
2017Фамилија Марковски, ТВ-серија
2019Врба, ТВ-филм

Наводи

Надворешни врски