Валентина Божиновска

македонска глумица

Валентина Божиновска (родена на 13 април 1967 година во Скопје) — македонска глумица, политичарка и доктор по филолошки науки. Поранешен директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.[1]

Валентина Божиновска
Родена13 април 1967(1967-04-13)(57 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонка
Занимањеглумица
политичарка

Од 1998 до 2002 година пратеник во Собранието на Македонија; од 2005 - 2006 советник на Град Скопје; од 2006 - 2008 пратеник во Собранието на Република Македонија; Претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Собранието на Царството Јапонија; Член на Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за европски прашања, Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, Пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Канада, Пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Словенија.

Мажена е за археологот Драги Митревски со кого има една ќерка.[2]

Наводи