Вилстер

Вилстер (германски: Wilster) — град во округот Штајнбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Вилстер
Градското собрание на Вилстер
Градското собрание на Вилстер
Градското собрание на Вилстер
Грб на Вилстер
Вилстер во рамките на Германија
Вилстер
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаШлезвиг-Холштајн
ОкругШтајнбург
ГрадоначалникВалтер Шулц (ДХС)
Основни податоци
Површина2,71 км2
Надм. височина2 м
Население4.301 (31 декември 2020)[1]
 - Густина1.587 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.IZ
Пошт. бр.25554
Повик. бр.04823
Порталwww.wilstermarsch.de
Местоположба на градот Вилстер во рамките на округот Штајнбург
Карта
Карта
Координати53°55′21″N 9°22′28″E / 53.92250° СГШ; 9.37444° ИГД / 53.92250; 9.37444

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Вилстермарш, иако самиот град не е член на заедницата.

Историја

Вилстер ги добил градските права во 1282 година и со тоа се вбројува помеѓу најстарите градови во покраината Шлезвиг-Холштајн. Вилстер е средиште на Вилстермарш, голема област за одгледување на говеда во Германија.

Од 1 јули 2005 година, градската администрација и администрацијата на општинската заедница Вилстермарш се споени и работат заедно.

Знаменитости

Старото Градско собрание изградено во 1585 година е помеѓу најдобро зачуваните ренесансни градби во Шлезвиг-Холштајн.

Исто така, црквата Св. Бартоломеј во барокен стил, изградена од Ернст Георг Зонин помеѓу 1775 и 1781 година и новото Градско собрание изградено во 1786 година се вредни споменици.

Луѓе

  • Волфганг Ратке — дидактичар и педагог
  • Ханс Херман Јунге — СС-офицер и личен слуга на Адолф Хитлер

Галерија

Наводи

Надворешни врски