Винзен (Луе)

Винзен (Луе) (германски: Winsen (Luhe)) — град во округот Харбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува административно седиште на округот Харбург. Сместен е на малата река Луе, близу нејзиниот влив со Елба, околу 25 километри југоисточно од Хамбург и 20 километри северозападно од Линебург.

Винзен (Луе)

Winsen (Luhe)

Главната улица во Винзен
Главната улица во Винзен
Главната улица во Винзен
Грб на Винзен (Луе)
Винзен (Луе) во рамките на Германија
Винзен (Луе)
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругХарбург
Градски единици13
ГрадоначалникАндре Визе (ДХС)
Основни податоци
Површина109,55 км2
Надм. височина5 м
Население35.332 (31 декември 2020)[1]
 - Густина323 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.WL
Пошт. бр.21423
Повик. бр.04171
Порталwww.winsen.de
Местоположба на градот Винзен (Луе) во рамките на округот Харбург
Карта
Карта
Координати53°22′0″N 10°13′0″E / 53.36667° СГШ; 10.21667° ИГД / 53.36667; 10.21667

Географија

Местоположба

Градот служи како среден центар помеѓу Линебуршкото Поле и мочуришниот дел на Елба, сместен на реката Луе.

Градски единици

Со општинската реформа од 1972 година, 13 дотогашни самостојни општини Балбург, Борстел, Герден, Хопте, Ласрене, Лудорф, Патенсен, Роторф, Ројдорф, Зангенштет, Шармштет, Штекте и Тенхаузен биле припоени кон Винзен и сега претставуваат негови градски единици.

Клима

Винзен се наоѓа во зона помеѓу океанска и континентална клима.

Историја

Винзен бил првпат споменат во документ на Бискупијата Верден во 1158 година.[2] Замокот Винзен, првпат споменат во 1315 година,[3] бил подигнат на преминот на Луе за заштита на пристаништето. На почетокот на XV век, била подигната црквата „Св. Богородица“.

Во 1593 година, Доротеја од Данска, вдовица на Вилхелм Помладиот, се преселила во замокот Винзен и живеела таму до нејзината смрт во 1617 година. Во нејзино време биле изградени шталите за коњи. Во Триесетгодишната војна, Данците го окупирале градот и запалиле околу 25 куќи.[4]

На 1 мај 1847 година, Винзен бил поврзан со железницата Хановер-Хамбург.

На 1 јули 1972 година градот бил проширен со околните општини, кои биле припоени кон него, а кои денес претставуваат негови градски единици.

Политика

Градски совет

Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[5] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:

ГодинаSPDCDUЗелениЛевицаFDPAfDСлободен ВинзенВинзенер ЛистеВкупно
201681561241138

Градоначалник

Градоначалник и предводник на градската управа од 2011 година е Андре Визе (CDU).

Список на градоначалници од 1946 г.
  • 1946–1948: Вилхелм Ролант (SPD)
  • 1948–1952: Фриц Бројштет (DP)
  • 1952–1956: Алберт Болман (DP)
  • 1956–1971: Фриц Бројштет (DP, од 1959 CDU)
  • 1971–1972: Валтер Кестер (CDU)
  • 1972–1984: Хајнрих Ридел (CDU)
  • 1984–2001: Густав Шредер (CDU)
  • 2001–2005: Бодо Бекедорф (CDU)
  • 2005–2011: Ангелика Боде (независен)
  • од 2011: Андре Визе (CDU)

Градски директор

Покрај самиот градоначалник од 1947 година постоела функција градски директор, кој всушност раководел со градската управа. Во 2005 година, оваа функција била споена со таа на градоначалникот.

Список на градски директори
  • 1947–1962: Ерих Лојферт
  • 1962–1969: Гинтер Хамахер
  • 1969–1993: Јенс Фолкерт Фолквардсен
  • 1993–2005: Ангелика Боде

Збратимени градови

Винзен е збратимен со следниве градови:

Главни знаменитости

Замок Винзен

Замокот Винзен бил првпат споменат во 1315 година.[3] Друг документ од 1277 година укажува дека замокот веќе постоел во тоа време.[6][7] Долг период замокот служел како административна зграда и бил седиште на управителите на градот. Денес е седиште на судот; затоа, главно не е отворен за општата јавност. Во 2008 година била отворена изложба во кулата на замокот.

Штали

Шталите биле првично наменети за коњи и запрежните коли. Иако се споменува 1599 година како датум на изградба, сепак не се знае точната година на нивното подигнување.[8] Денес, четирикатната фахверк градба претставува туристичко биро, библиотека, локален музеј и изложбен простор.[9]

Црква „Св. Богородица“

Изградбата на готската црква започнала околу 1415 година. Бродот бил покриен во 1437 година, наосот во 1465 година. Во 1950-тите, внатрешните украси биле променети. Витражите биле дизајнирани и направени од Клаус Валнер помеѓу 1958 и 1966. Неоготската камбанарија од 62 метри била завршена во 1899 година.[10]

Блауферберхаус

Најстарата зачувана станбена куќа се наоѓа во улицата Луе. Блауферберхаус („куќа со сина боја“) била изградена на островот Лие веднаш по големиот градски пожар во 1585 година. Калканот е богато украсен со ренесансни мотиви. Градбата не е отворена за јавност.

Капела „Св. Ѓорѓи“

Порано надвор од градот, лепрозариумот „Св. Ѓорѓи“ бил отворен во 1401 година.[11] Капелата била првпат запишана во 1445 година. Денешната градба била изградена во 1776 година, капелата подигната во 1750 година, а денешниот изглед го добила во 1903 година.

Други градби

Историските градби на стариот град се наоѓаат на островот Лие.

Старото градско училиште (Alte Stadtschule) било подигнато во 1893 година во историзам[[Тоа е најстаро училиште во Винзен и денес служи како основно училиште. Горниот кат на главната градба се користи за настани. На спротивната страна на улицата се наоѓала гимназијата изградена во 1889 година. Била уништена во пожар во април 2016 година.[12] Градбата во фахверк била првата гимназија во Винзен.

Историското Градско собрание било подигнато во 1896 година. Поранешната нотарница (Amtsschreiberhaus) била спомената во документ во 1714 година. Хотелот „Цум Вајсен Рос“ постои од 1684 година. Била резиденција на Едвин фон Мантојфел, командант на пруската војска во Австриско-пруската војна во 1866 година.

Познати личности

  • Јохан Петер Екерман (1792–1854) — поет и пријател на Гете
  • Вилхелм Мориц Кеферштајн (1833–1870) — професор по зоологија и компаративна анатомија
  • Ханс-Петер Фогт (1936–2014) — политичар

Галерија

Наводи

Надворешни врски