Вотски јазик

Вотски (vađđa ceeli или maaceeli – исто така vaďďa tšeeli, maatšeeli[1]) — балтофински јазик, дел од групата на уралски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Вотите во Ингрија, Русија. Јазикот единствено се зборува во селата Краколје и Лужици. Јазикот е при изумирање. Според податоците од 1989 година, јазикот го зборувале само 62 лица, а најмладиот е роден во 1938 година.

Вотски јазик
Vod
vađđa ceeli, maaceeli
Застапен воРусија
ПодрачјеИнгрија
НародВоти
Говорници68  (2010 census)e17
Јазично семејство
Дијалекти
кревински
Јазични кодови
ISO 639-2vot
ISO 639-3vot — опсежен код
Поединечен код:
zkv — кревински

Дијалекти

Вотскиот јазик имал 4 главни дијалекти, од кои денес само западниот останал. Дијалектите биле:

  • западни, регионот на устието на реката Луга
  • источни, во селата околу Копорје
  • кукузиски, мешавина од ижорански и вотски, а се зборувал во селото Кукузи
  • кревински дијалект, во Латвија

Правопис

Јазикот немал унифициран правопис. Така за јазикот се користеле бројни правописи. Некои лица користеле изменета кирилица, а некои латиница. Правописот заснован на латиница бил сличен со останатите правиписи на другите фински јазици.

Наводи

Дополнителни информации

Надворешни врски