Главен стратег на Белата куќа

Главен стратег на Белата куќа (англиски: White House Chief Strategist) — еден од главните советници на Претседателот на САД, одговорен за извршување на долгорочните цели и насоки на владата и да го советува претседателот по сите важни прашања. Функцијата е воведена во 2016 г. од Доналд Трамп како новоизбран претседател, назначувајќи го општественикот и стопанственик Стив Бенон на оваа функција,[1] како и на функцијатата Виш советник на претседателот.

Главен стратег на Белата куќа
White House Chief Strategist
Извршна служба на претседателот
Отчетен предПретседателот на САД
НазначувачПретседателот на САД
Создадена2017
Прв функционерСтив Бенон
Место во наследниот ред
Мреж. местоВише раководство

Иако не е дел од кабинетот во потесна смисла, главниот стратег е на исто рамниште со Началникот на Белата куќа и донесува одлуки рамноправно со него, за кои е потребен потпис од двајцата.[1]

На 28 јануари 2017 г. главниот стратег е назначен за траен член на Советот за државна безбедност на САД со указ на претседателот Трамп.[2]

На 18 август 2017 г. Бенон е отпуштен од функцијата Главен стратег од страна на генералот Џон Кели.[3]

Поврзано

  • Виш советник на Претседателот на САД
  • Началник на Белата куќа

Наводи