Глаjва

Глајва (изворно на латиница: Glayva) ― бренд на ликер првично произведен во 1947 година во Лит, Единбург, Шкотска од Ronald Morrison & Co Ltd и сега од Whyte and Mackay Ltd.[1][2]

Глаjва.

Глајва е направен од мешавина на старо шкотско виски, избрана палета на зачини, средоземни танжерина, цимет, бадеми и мед. Има длабока златна боја и специфичен вкус.

Историја

Глајва првпат била произведена и продадена во 1947 година од трговецот со вино и виски Роналд Морисон.[3] Како Дрембуи (Drambuie), неговите состојки имаат мед и зачини измешани со скоч од сладово виски. Името потекнува од шкотскиот израз „Glè Mhath“ (гле мат), што значи „многу добро“.[4]

Поврзано

  • Список на ликери

Наводи

Надворешни врски