Гројсен

град во Германија

Гројсен (германски: Greußen) — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 17 километри југоисточно од окружниот град Зондерсхаузен и 29 километри северно од покраинскиот главен град Ерфурт.

Гројсен

Greußen

Градското собрание на Гројсен
Градското собрание на Гројсен
Градското собрание на Гројсен
Грб на Гројсен
Гројсен во рамките на Германија
Гројсен
Управа
ЗемјаГерманија
ПокраинаТирингија
ОкругКифхојзер
Општ. заед.Гројсен
ГрадоначалникРене Хартнауер (СДП)
Основни податоци
Површина19,21 км2
Надм. височина162 м
Население3.908  (31 декември 2006)
 - Густина203 жит/км2
Други информации
Часовен појасCET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.KYF
Пошт. бр.99718
Повик. бр.0 36 36
Порталwww.greussen.de
Местоположба на градот Гројсен во рамките на округот Кифхојзер
Карта
Карта
Координати51°13′45″N 10°56′51″E / 51.22917° СГШ; 10.94750° ИГД / 51.22917; 10.94750

Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија

Местоположба

Градот Гројсен се наоѓа на подножјето на ридскиот масив Хајнлајте. Железничката линија ЕрфуртНордхаузен поминува низ самиот град.

Градски единици

Гројсен се состои од самото градско јадро на Гројсен и местото Грининген.

Политика

Градот Гројсен е член и седиште на општинската заедница Гројсен.

Градски совет

Градскиот совет на Гројсен има 16 членови и бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:[1]

ПартијаSPDCDUNPDВкупно
Sitze:9 места6 места1 место16 места
Stimmenanteil:57,8 %36,8 %5,3 %100 %

Градоначалник

Градоначалник на градот Гројсен е Рене Хартнауер.

Збратимени градови

Гројсен е збратимен со следниве градови:

Галерија

Наводи

Надворешни врски