Долно Оризари (Велешко)

село во Општина Велес

Долно Оризари — село во Општина Штип, централна Македонија. Денес нема жители.[2]

Долно Оризари
Долно Оризари во рамките на Македонија
Долно Оризари
Местоположба на Долно Оризари во Македонија
Долно Оризари на карта

Карта

Координати 41°40′27″N 21°44′56″E / 41.67417° СГШ; 21.74889° ИГД / 41.67417; 21.74889
Регион Вардарски
Општина Велес
Население0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1408
Повик. бр.043
Шифра на КО29553
Надм. вис.216 м
Долно Оризари на општинската карта

Атарот на Долно Оризари во рамките на општината
Долно Оризари на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа непосредно до реката Тополка на надморска височина од 216 м. Лежи југозападно од градот Велес и не далеку на југоисток од Горно Оризари. Во близина на запад од селото и преку реката е фабриката „Порцеланка“.

Историја

Подрачјето на Долно Оризари е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Свилара.[3]

Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар го обележал Оризар како македонско село.[4][5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Долно Оризари имало 125 жители, од кои 85 Македонци, а 40 Турци.[4][6]

На почетокот на XX век целото хистијанско население на Долно Оризари потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 128 Македонци под егзархијата.[4][7]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Долно Чалтики (Dl. Caltiki) како мешано македонско христијанско и турско село.[4][8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци.[9]

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194812—    
19530−100.0%
196100.00%
19712—    
19815+150.0%
ГодинаНас.±%
19912−60.0%
19940−100.0%
200200.00%
202100.00%

По Втората светска војна е забележан голем пад на населението на Долно Оризари. На пописите во 1953 и 1961 г. за селото нема одделни податоци бидејќи е вброено во населението на Горно Оризари. Во подоцнежните децении имало по неколку жители, за конечно да биде иселено некаде во првата половина на 1990-тите. Според пописот од 2002 година, Долно Оризари немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население12512812252000
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи

  • Црква „Св. Богородица“

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта
  • Порцеланова — населба и некропола од римско време
  • Свилара — некропола од железно време

Наводи

Надворешни врски