Драгомирово

историско село во Струмичко, на територијата на денешна Општина Босилово

Драгомирово — историско село во Струмичко, денес на територијата на Општина Босилово, недалеку од Струмица.

Драгомирово
Драгомирово во рамките на Македонија
Драгомирово
Местоположба на Драгомирово во Македонија
Драгомирово на карта

Карта

Координати 41°27′43″N 22°42′35″E / 41.46194° СГШ; 22.70972° ИГД / 41.46194; 22.70972
РегионЈугоисточен
ОпштинаБосилово
Населениенема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис.220 м
Драгомирово на општинската карта

Атарот на Драгомирово во рамките на општината
Драгомирово на Ризницата

Географија

Селото се наоѓало во Струмичкото Поле на патот Струмица - Берово, меѓу селата Дабиље и Петралинци.[2] Низ местото поминува реката Турија, околу 1,5 км од нејзината растока со р. Азмак.

Пподрачјето на некогашното село денес е во атарот на с. Босилово.

Историја

Во XIX век Драгомирово било мало село во Струмичката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Драгомирово (Dragomirovo) се води како село со 20 домаќинства и население од 71 Македонец.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 195 жители Македонци христијани.[3][5]

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгомирово (Dragomirovo) имало 160 Македонци и 12 Роми.[3] Имало училиште со 1 учител и 12 ученици.[6]

Личности

Родени во Драгомирово
  • Васил Драгомиров (1881-1969) — револуционер

Поврзано

Наводи

Надворешни врски