Македонски Роми

Роми во Македонија — малцинска етничка група во Македонија. Според пописот од 2002 година, во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население.[1]Општина Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството се Роми[1], а воедно и единствена општина во светот каде ромскиот (балканскоромскиот) е службен јазик, покрај македонскиот.Исто така со Уставот од 2001 г. Ромите во Република Македонија се признати како народ единствено во светот.Интересен е податокот дека Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.

Карта на Ромите во Македонија (2021)
Македонски Роми околу 1900 г.

По религија огромното мнозинство од Ромите се муслимани, но постои и мал број на Роми со христијанска вероисповед (познати под името Масарманги, Масрманговци) кои живеат во неколку градови од источна и југоисточна Македонија.

Историја

Роми играат оро, Скопје, 1931

Првите доселувања на Роми на територијата на Македонија се забележуваат во средниот век, односно околу XIV век. Нивното главно доселување е за времето на турските освојувања на Македонија кон крајот на XIV и почетокот на XV век, кога тие работеле како слуги на турските генерали и големци. Постои теорија и дека Ромите се доселени во Македонија уште од времето на Александар Македонски бидејќи тие работеле како негови ковачи при неговото освојување на Египет. Оваа теорија ја застапуваат дел од Ромите кои себеси се нарекуваат Египќани (Еѓупци) и се сметаат за посебна етничка група од Ромите, кои се со потекло од индиската област Пенџаб од народот Дравиди.

Население

Македонски Роми-музичари во 1863 г.
Број на Ромите во Македонија (2021)

На табелата е прикажан бројот на Ромите во Македонија по општини, според пописот од 2002 година:[2]

ОпштинаРоми
Скопје23.202
Прилеп4.433
Куманово4.256
Битола2.613
Тетово2.357
Гостивар2.237
Штип2.195
Кочани1.951
Кичево1.630
Виница1.230
Дебар1.080
Велес800
Кавадарци679
Крива Паланка668
Делчево651
Берово459
Неготино453
Илинден428
Пехчево390
Сарај273
Радовиш271
Ресен184
Кратово151
Струмица147
Петровец134
Градско127
Струга116
Зелениково92
Студеничани73
Свети Николе72
Охрид69
Теарце67
Дојран59
Ранковце57
Јегуновце41
Пробиштип37
Валандово32
Босилово24
Чучер-Сандево23
Демир Капија16
Македонска Каменица14
Гевгелија13
Долнени13
Демир Хисар11
Маврово и Ростуше10
останати општини41

Познати Македонски Роми

  • Есма Реџепова - пејачка, „Кралица на ромската песна“
  • Амди Бајрам - пратеник во Собранието на РМ во повеќе мандати
  • Неждет Мустафа - политичар, потпретседател на Владата на РМ
  • Фаик Абди - политичар, пратеник во Собранието на РМ во повеќе мандати, основач на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР)
  • Мухарем Сербезовски - популарен кантавтор, поет и преведувач
  • Бајрам Северџан - глумец
  • Забит Мемедов - глумец, ѕвезда на филмовите „Дом за бесење“ и „Црна мачка, бел мачор“
  • Ферус Мустафов - виртуоз на повеќе инструменти, со светска популарност
  • Неат Велиов - музичар, водач на Кочани Оркестар
  • Вели Мумин - трофеен боксер
  • Адријано Џеладин - сопственик на телевизиско студио во Франција
  • Рахим Бурхан - режисер, раководител на познатиот театар „Пралипе“
  • Јасмин Шабан - поранешна сопруга на Боб Фарел, пејачот од групата „Бони М“

Наводи

Поврзано

Надворешни врски


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица