Село

мала човечка населба помала од град, со население од неколку стотина жители
Ова е статија за тип на населено место. За средината (рурала), видете: Село (средина)

Селата се помали населби кои се разликуваат од градовите по нивната физиономија, функција, демографска структура на населението и нивното значење. Селото може да биде споено или надворешно и има население (денес 100 и повеќе жители). Околното подрачје што му припаѓа на самото село се нарекува атар.[1]

Белимбегово (Илинден) — пример за големо приградско село во Македонија
Галичник - западномакедонско планинско село
Селото Касл Кум во Вилтшир, Англија

Селски населби во Македонија

Селските населби во Македонија се такви населени места во кои најголем дел од населението се занимава со земјоделство. Во Македонија има вкупно 1.645 села.

Според настанувањето и развојот, селата се формирани пред градовите. Во еволуцијата на нашите села, главно, се одделуваат четири фази:

  • Претцрковна фаза, кога не постоеле села во вистинската смисла на зборот, туку тоа биле одделни куќи, расфрлани по имотите ;
  • Црковна фаза, кога започнува групирањето на куќите во села, при што центар биле црквите ;
  • Феудална фаза, кога селата се граделе на крупните поседи на феудалците, како на пример чифлигарските села ;
  • Катастарска фаза, кога селата ја добиле денешната физиономија, со свое име, атар и територија на протегање, односно катастар со кој биле одредени сите одлики на селото.

Во Македонија, селата можат да се поделат на мали, средни и големи.

  • Мали села се оние во кои живеат од 1 до 300 жители. Во Македонија има вкупно 961 вакво село, односно 58,4% од сите села.
  • Средни села се оние во кои живеат од 301 до 800 жители. Во Македонија има 337, т.е. 20,5% од сите села.
  • Големи села се оние кои имаат повеќе од 801 жител. Во Македонија има 347 вакви села (21,1% од сите).

Според микроположбата, во Македонија има рамничарски, ридски и планински села.

Селото како тема во уметноста и во популарната култура

Селото како тема во книжевноста

Селото како тема во народната книжевност

  • „Си поминав низ село“ - македонска народна песна.[2]
  • „Селаните сакале да ги продадат коњите па ги продале жените“ – полска народна приказна.[3]
  • „За еден селанец кој имал злобна жена“ – полска народна приказна.[4]
  • „Селанецот и оџата“ - македонска народна приказна.[5]
  • „Селанецот што го надитрил аптекарот“ - македонска народна приказна.[6]
  • „Селанецот, волкот и јагнето“ - македонска народна приказна.[7]

Селото како тема во книжевноста

Селото како тема во музиката

  • „Село“ (англиски: The Village) — песна на британската поп-рок група „Њу Ордер“ (New Order) од 1983 година.[25]
  • „Селски живот“ (англиски: Country Life) — албум на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1974 година.[26]
  • „Во наше село“ — песна на македонската етно група „Synthesis“.[27]
  • „Селанец во големи гомна“ (англиски: Peasant In The Big Shitty) — песна на британската рок-група „Стренглерс“ (The Stranglers) од 1977 година.[28]
  • „Селска песна“ (англиски: Country Song) — песна на британската поп-рок група „Хепи мандис“ (Happy Mondays) од 1988 година.[29]

Галерија

Поврзано

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица