Општина Босилово

Општина Босиловоопштина во Струмичко, Југоисточна Македонија. Седиште на општината е селото Босилово.

Општина Босилово
Општина
Знаме на Општина БосиловоГрб на Општина Босилово
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеБосилово
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникРисто Манчев
Површина
 • Вкупна161,99 км2 (62,54 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно11.508
 • Густина71/км2 (180/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+034
Регистарски табличкиSR
Мреж. местоopstinabosilovo.gov.mk
Карта на општината.
Демографска карта на општината.

Општината Босилово се граничи со Општина Берово на север, Општина Василево на запад, Општина Струмица на југозапад и Општина Ново Село на исток.

Географија

Општината се простира на површина од 161,99 км. Сместена во југоисточниот дел на Република Македонија, со правец на протегање североисток - југозапад, распространета во средишниот дел во Струмичкото Поле, зазема значајно место во Струмичкиот регион. Низ нејзиниот средиштен дел поминува реката Струмица и реката Турија кои подоцна се влеваат во реката Струма во Република Бугарија.

Општина Босилово се наоѓа на надморска височина од 250 метри, опфаќајки ги јужните падини на планината Огражден. Од север се граничи со Општина Берово, од исток со Општина Ново Село, југоисточно граничи со Општина Струмица, а западно со Општина Василево.

Општина Босилово има вкупно 14.260 жители со 16 населени места или вкупно 3744 домаќинства.

Сите села кои егзистираат на територија на оваа општина се низински, со просечна густина од {{жкм2|95,4}}. Централна населба на општината е Босилово, во кое живеат вкупно 1698 жители, или 11,9% од вкупниот број на жители во општината. Општина Босилово има прилично добра географска положба и сообраќајна поврзаност. Се наоѓа на само 7 км од најголемиот урбан центар во Регионот, Градот Струмица со кој е поврзан со магистралниот пат М6, кој воедно ја поврзува општината граничниот премин со Република Бугарија. Со повеќето локални патишта таа е поврзана и со останатите населени места во регионот.

Хидрографска мрежа

РекаСливна

површина (км2)

Должина

(км)

Просечен

пад

Пошуменост

(%)

Турија4574%15%
Струмица3809,51,1%15%
Штука415%
Иловица25,69,801,34%15%

Историја

Општина Босилово како локална самоуправа била формирана во 1996 година а инаку како стара општина функционира од 1963 година.

Стопанство

Демографија

НародВкупноУдел (%)
Македонци13.64995,71
Албанци00,00
Турци4943,47
Роми240,17
Власи00,00
Срби60,06
Бошњаци00,00
останати830,59
ВероисповедВкупно
православни12.353
муслимани619
католици959
протестанти67
останати262
ЈазикВкупно
македонски13.609
албански0
турски616
ромски11
влашки0
српски13
бошњачки0
останати11

Според последниот попис од 2002 година, општината има 14.260 жители.[2][3]

Старосен состав
ВозрастЖители
0-19 години4.093
20-60 години7.828
над 60 години2.339
Вкупно14.260
Состав по образование
Вид образованиеБрој
Високо117
Више160
Средно2.133
Основно3.749
Непотполно основно3.180
Нешколувани477
Вкупно9.816

Општествени установи

Во општината работат следниве основни училишта:

Самоуправа и политика

Зградата на седиштето на Општина Босилово

Општинската администрација на Општина Босилово се наоѓа во истоименото село Босилово. Градоначалник на општина Босилово е Зоран Зимбаков од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Босилово е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 8 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 7 места

Во склоп на општината работат следните одделенија:

  • Одделение за правни работи, општи работи и јавни дејности
  • Одделение за финансиски прашања
  • Одделение за комунални работи, заштита на животната средина и локален економски развој
  • Одделение за внатрешна ревизија
  • Одделение за инспекциски работи (Инспекторат)
  • Одделение за управување со човечки ресурси

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта

ИмеНаселено местоВидПериод
ТумбаГечерлијанаселбаримско време
Долно градиштеДрвошнаселбасреден век
Мало градиштеДрвошнаселбадоцна антика
СелиштеДрвошнаселба/некрополасреден век
ТумбаДрвошмогиларимско време
УшитеДрвошнаселбаримско време
Чешмина ГлаваДрвошнаселбаримско време
ТумбаДрвошнаселбаримско време
ГробиштаИловицанаселбадоцна антика
ВарницаИловицаградиштедоцна антика
Крива ТополаИловицанаселбаримско време
КрстИловицамогиларимско време
Куши ТумбаИловицанаселбадоцна антика
ЦрквитеИловицанекрополаримско време
ГаскарникСарајнаселбадоцна антика
ГоведарникХамзалинаселбадоцна антика
ТумбаХамзалинаселбадоцна антика
ТумбаШтуканаселбадоцна антика
ЦрквиштеШтукаградиштедоцна антика

Цркви

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Знамето на Општина Босилово е составено од неколку елементи. Во прицврстениот дел има два триаголника кои се допираат во средината на страничната лента. Триаголниците се поставени на сина основа. Од триаголниците изгрева сонце со пет краци.

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица