Езекиел Фрајерс

Езекиел Дејвид Фрајерс (англиски: Ezekiel David Zeki Fryers) (роден на 9 септември 1992) — англиски фудбалер кој моментално игра во Стандард Лиеж. Тој е играч од одбраната и игра како лев бек или како централен дефанзивец. Езекиел е играч кој е производ на академијата на Манчестер Јунајтед.

Езекиел Фрајерс
Лични податоци
Полно имеЕзекиел Давид Фрајерс[1]
Роден на9 септември 1992(1992-09-09)(31 г.)
Роден воМанчестер, Англија
Висина6 ст 0 ин (1.83 м)
Позицијалев бек,центар бек
Клупски податоци
Сегашен клубСтандард Лиеж
Број7
Младинска кариера
2009–2011Манчестер Јунајтед
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2011–Манчестер Јунајтед2
2011–Стандард Лиеж0(0)
Репрезентација
2007–2008Англија 165(0)
2008–2009Англија 177(0)
2010–Англија 193(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 19:31, 20 September 2011 (UTC)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 19:31, 20 September 2011 (UTC)[2]
Фрајерс во 2013

Кариера

Манчестер Јунајтед

Во сезоната 2010/11 Фрајерс со резервистите на Манчестер Јунајтед,предводени од некогашниот напаѓач на тимот Оле Гунар Солшер кој седеше на клупата, ја освои титулата во англиската Премиер Лига за резервни тимови. Фрајерс своето деби во првиот тим на Манчестер Јунајтед го имаше на 20 септември 2011 во третото коло од Лига купот на Англија. Тој беше партнер на Мајкл Карик во централната одбранбена линија и ги одигра сите 90 минути во победата на неговиот тим над Лидс Јунајтед од 3:0. Своето деби во Премиер лигата го има во домаќинскиот меч на Манчестер Јунајтед против Вулверхемптон Вондерерс, во кој влезе како замена за Патрис Евра во 68-та минута од мечот што заврши 4:1. Тој влезе од клупата за резерви и во уште еден меч на Олд Трафорд, овојпат со Виган заменувајќи го Џони Еванс на полувремето.

Стандард

Летото 2012 година Фрајерс тренирал со екипата на Тотенхем кој сакал да го доведе играчот во својте редови, но двата клуба не успеале да се договорат, а и според правилата Тотенхем не можеше да го ангажира Фрајерс. Според правилата во Англија кога еден фудбалер е на возраст под 23 години и откако ќе му истече договорот тој несмее да премине во друг клуб од Премиерлигата без другиот клуб да плати соодветна компензација. Така на 23 август 2012 Фрајерс потпиша за белгискиот Стандард Лиеж.

Наводи