Ефтим Манев (политичар)

Ова е статија за политичарот. За писателот видете Ефтим Манев

Ефтим Манев (Сулдурци, Радовишко, 1942) — македонски политичар, правник и поранешен пратеник во македонското Собрание[1].

Ефтим Манев
Роден1942
Сулдурци, Царство Бугарија

Животопис

Манев е роден во село Сулдурци, Радовишко. Завршил Правен факултет во Скопје. Работел како општински јавен обвинител во Општинското јавно обвинителство - Радовиш, каде и живее[1]. Бил член на Македонскиот Парламент во првиот парламентарен мандат од 1991 до 1994 година како независен пратеник[2] и во составот од 2002 до 2006 како член на ВМРО-ДПМНЕ[3].

Наводи