Иван Алев

Иван Алев — македонски револуционер и лекар.

Иван Алев
Роден1851
Гуменџе, Егејска Македонија
Починал1919
Неврокоп, Бугарија

Иван Алев е роден во Гуменџе. Дипломирал медицина во Атина и станал лекар во родното место. Активно бил вклучен во МРО. Особено бил ангажиран во давањето медицинска помош на борците од револуционерноослободителното движење во време на Илинденското востание. Во војните Алев бил дивизионен воен лекар во Бугарската армија. Починал во 1919 г. во Неврокоп, Пиринскиот дел на Македонија.[1].

Наводи