Иван Велков (револуцинер)

Иван Велков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Иван Велков
Роден1870
Кавадарци, Македонија
Починал1907
Кавадарци, Македонија

Животопис

Иван Велков е роден во Кавадарци, тогаш во Отоманското Царство. Се занимавал со трговија. Во летото 1894 година влегол во првиот револуционерен комитет во Кавадарци, основан од страна на Даме Груев. По Солунските атентати е уапсен и во август 1903 година е заточен на Родос. Подоцна добил амнестија, но во декември 1906 година повторно е уапсен и затворен во Кавадарци. Починал неколку месеци по излегувањето од затвор.[1]

Извори