Иван Котев

Иван Котев, познат како Ванчо Белувчето — македонски револуционер, крушевски војвода и терорист на Македонската револуционерна организација.

Иван Котев
Роденнепознато
Крушево, Македонија
Починал12 јули 1913
Журче, Крушевско, Македонија

Животопис

Котев е роден во Крушево, тогаш во Османлиското Царство. За време на Илинденското востание е четник при Иван Алабакот. Во Првата балканска војна Котев е војвода на чета и зема учество во ослободувањето на Крушево.

Загинува на 12 јули 1913 година во борба со српска потера помеѓу селата Ракитница и Острилци, кај Журечката река. Србите му ја отсекле главата по борба и ја разнесувале низ улиците на Крушево за да го заплашат македонското население [1]

Извори