Изет Меџити

политичар

Изет Меџитимакедонски политичар и градоначалник на Општина Чаир во периодот од 2005 до 2017 година. Роден е во Скопје, 1977 година. Средно образование стекнал во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ од Чаир. Дипломирал на Економскиот Факултет - Скопје, а бил на последипломски студии од областа на јавниот менаџмент. Во периодот 2001-2003 бил професор по економија во средното училиште „Арсени Јовков“. Откако го напуштил професорското место, работел како економски советник во Македонски Пошти до 2005 година.[1]

Изет Меџити
Градоначалник на Општина Чаир
На должноста
2005–2017
ПретходникАце Миленковски
НаследникВисар Ганиу
Лични податоци
Роден(а)1977 (воз. 46–47 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонски Албанец
ПартијаДУИ
СопружникАва Меџити
УстановаУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“
ПрофесијаДипломиран економист
ВероисповедМуслиман

Политичка кариера

Меџити е член на политичката партија ДУИ. Тој е еден од четворицата потпретседатели на партијата, заедно со Теута Арифи, Невзат Бејта и Гзим Острени. Освен тоа, тој е член на Централното претседателство на партијата.

Првиот мандат го добил на изборите за локална самоуправа во 2005.[2] Тој на локалните избори 2013 остварил една од најубедливите победи во вториот изборен круг со освоени 70% од гласачките ливчиња.[3]

Еден од неговите позначајни потези е поставувањето споменик на „Скендер-бег“ на општинскиот плоштад.[4]

За време на неговиот втор мандат донел одлука за преименување на четири основни училишта од општината, која е противзаконска.[5] Поради незаконитоста на одлуката на сведителствата кои се издаваат во овие училишта стојат стари имиња на училиштата.[6]

Тој бил вмешан во инцидентот од 2011 година кога беше урната црквата на Скопско кале, со што се заострија меѓуверските односи.[7]

Приватен живот

Меџити се оженил 10 јули 2006 година со сопругата Ава, која работи како педагог во градинка од Чаир. Тој живее со неговите родители, а поради работните обврски сѐ уште нема деца. Инаку тој е единствен син во неговото семејство, а има и една сестра. Не е голем љубител на спортот, но активно се занимава со планинарење. Како што тој самиот истакнува, Старата скопска чаршија е неговиот омилен дел од градот.[8]

Наводи

Надворешни врски