Инцидент во Керчкиот Проток (2018)
На 25 ноември 2018 година дошло до судир меѓу воените морнарици на Руската Федерација и Украина во Керчкиот Проток.[1] Во судирот учествувале три украински бродови, кои биле сите запленети, и десетина руски бродови, поддржани од летала на руското воено воздухопловство. Поради несогласуваата во соопштенијата на двете страни во судирот, сè уште не се знае точно што се случило за време на инцидентот. По судирот, дваесетина членови на украинската морнарица биле лишени од слобода кои според украинската власт се заробени, а според Русија, тие се уапсени и чекаат судска одлука.[2][3] По предлог на претседателот на Украина, Петро Порошенко, украинскиот парламент поради судирот прогласил воена состојба во 10 погранични области во траење од 30 дена, почнувајќи од 28 ноември.[4]
Наводи
Надворешни врски
- „Русија заплени украински бродови, украинската војска во целосна борбена готовност“. А1он. 26 ноември 2018. Посетено на 27 ноември 2018.[мртва врска]