Исидор I Цариградски

Исидор I ЦариградскиВселенски патријарх од 1347 до 1350 година. Исидор I бил следбеник на Григориј Палам.

Младост

Малку се знае за неговата младост. Исидор е роден во Солун кон крајот на 1290-ите каде станал учител и духовен водач.

Кариера

Како следбеник на Св. Григориј, бил вовлечен во спорот меѓу следбениците на Григориј Палам и Варлам Калабриски за исахизмот во средината на XIV век.

Синод од 1344 година

Во 1345 година,Исидор, кој во тој период бил епископ Монемвашки, и Григориј Палама биле изопштени од страна на синод на антиисихистички епископи раководен од Јован XIV Кој и самиот бил противник на Св. Григориј.

Палам и Исидор се повлекле.[1]

Синоди во 1347 година

Во февруари 1347 година, за ввреме на синодот свикан од Јован VI, патријархот Јован XIV бил расчинет и Исидор бил повикан од прогон и бил избран за Вселенски патријарх.По станувањето на патријарх, Исидор I го осободил Григориј Палам од затвор и го прогласил за архиепископ Солунски.

Патријархат

За време на две и пол годишното патријархување, Исидор I барал целото православие да ги прифати паламистичките догми. Тој избрал епископи кој била паламити. Тој изрекуал тешки казни за оние кои не сакале да се покорат.[2]

Поврзано

  • Паламизам
  • Исахистички спор

Наводи

Духовни титули
Претходник
Јован XIV
Цариградски патријарх
1347–1350
Наследник
Калист I