Киритимати

Киритимати или Божиќен Остров[1] е атол во Кирибати. Атолот е дел од Линиските Острови. Атолот има вкупна површина од 322 км2 и тоа го прави најголем корален атол во светот.[2] Атолот има лагуна која е слична по површина со самиот атол. Периметарот на атолот е 150 км, додека брегот на лагуната се протега на 48 км.[3] Киритимати зазема 70% од вкупната површина на Кирибати.

Киритимати
Kiritimati
атол
Сателитска снимка на островот.
Сателитска снимка на островот.
Координати: 01°52′N 157°24′W / 1.867° СГШ; 157.400° ЗГД / 1.867; -157.400
ДржаваКирибати
Островска групаЛиниски Острови
Карта на Линиските Острови.

Киритимати е една од првите територии на земјата која преминува во Новата Година. Во 1950-те Британците на островот извршувале јадрени тестирања, а жителите не биле евакуирани. Поради тоа населението било подложено на зрачење.

Демографија

Населението на островот во последните години се зголемило, од 2.000 во 1989 година на 5.000 во 2000. На островот има пет села, од кои едно е напуштено:

бројселонаселение
(попис во 2005)
1Табвакеја1,881
2Лондон1,829
3Банана1,170
4Полска235
5Париз (рушевини)
Киритимати5,115

Наводи

Литература

Поврзано

Надворешни врски