Кулоглу џамија

џамија во Охрид

Кулоглу џамија (или Мехмед Челеби џамија) — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2]

Кулоглу џамија
Поглед на џамијата
Основни податоци
МестоОхрид, Македонија
Координати41°7′10.8″N 20°47′22.5″E / 41.119667° СГШ; 20.789583° ИГД / 41.119667; 20.789583
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиски
ЗавршенXVIII век
Особености
Минариња1
Прогласен закултурно наследство на Македонија

Џамијата е сместена во маалото Кошишта, на стариот пат за Струга, денес улица „Гоце Делчев“.[1] Датира од XVIII век.[3]

Храмот има осумаголна основа со ќерамиден покрив на осум води. На северозападната страна во поново време е дограден двокатен трем. Минарето се наоѓа на западната страна, на преодот од молитвениот простор кон тремот. Во него се влегува од внатрешноста на џамијата. Самата џамија и минарето се изградени од необработен камен, потоа покриен со малтер. Осветлувањето е со прозорци поставени во три реда на секоја страна, освен на онаа кај михработ, влезот и минарето. Михработ, минберот и махвилот се нови. За украси се употребени профилирани обраби околу михрабната ниша и сликана декорација во куполата.[1]

Во дворот има надгробни плочи од XVI век, што укажува на постоењето на постар храм на ова место.[1]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски