Куридере

село во Општина Градско

Куридере (понекогаш Кури Дере) — село во Општина Градско, во околината на градот Велес. Денес нема жители.[2]

Куридере
Куридере во рамките на Македонија
Куридере
Местоположба на Куридере во Македонија
Куридере на карта

Карта

Координати 41°41′12″N 21°52′47″E / 41.68667° СГШ; 21.87972° ИГД / 41.68667; 21.87972
Регион Вардарски
ОпштинаГрадско
Население0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1420
Повик. бр.043
Шифра на КО29037
Надм. вис.270 м
Куридере на општинската карта

Атарот на Куридере во рамките на општината
Куридере на Ризницата

Географија и местоположба

Селото е сместено југоисточно од Велес, а северозападно од општинското седиште Градско. Низ него тече потокот Карајар, што е воедно името на возвишението северно од селото.[3]

Историја

Во XIX век Куридере било турско село во Велешка каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Куридере (Couridéré) било село со 42 домаќинства сочинети од 109 жители муслимани.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Куру Дере имало 312 жители, сите Турци.[5]

На етничката карта од 1927 година г. Леонард Шулце Јена го означил Курудере (Kurudere) како турско село.[6]

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948264—    
1953293+11.0%
196149−83.3%
197113−73.5%
19811−92.3%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.[7]

Сè до 1950-тите Куридере било исклучиво турско село. Со заминувањето на Турците, во таа деценија тука се доселиле извесен број Албанци и неколку Македонци. Во текот на 1970-тите бројот на жители значајно опаднал, и бројот на Албанци и Македонци речиси се изедначил поради одливот на албанското и прилив на македонско население.[8] Во 1981 г. во селото останало само едно лице (Македонец), за потоа селото да биде сосема испразнето. Според пописот од 2002 година, Куридере немало ниеден жител.[2]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година19001905194819531961197119811991199420022021
Население312264293491310000
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Куридере било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Доселеници: Ајвазлар (6 к.), Сулишлер (8 к.), Козелер (12 к.) и Манафлар (14 к.) сите биле стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Трлар (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Кочилари во 1907 година; Кадир (1 к.) и они потекнуваат од домазет доселен од селото Лештина кај Призрен; Бајрам Амилар (1 к.) доселени од селото Кочилари во 1913 година.[13]

Иселеништво

Најголем број од населението е иселено во Турција.

Наводи

Надворешни врски