Куќа на Ѓурчинови

куќа во Охрид

Куќа на Ѓурчинови — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1][2]

Куќа на Ѓурчинови
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеокласично-необарокен
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1930
Технички податоци
Катови2
Проектирање и изградба
АрхитектЃорѓи Ѓурчинов

Архитектура

Куќата е сместена на почетокот на шеталиштето „Кеј Македонија“ бр. 6 (стара адреса „Кеј Маршал Тито“ бр. 3).[3] Изградена е во 1930 година од инженерот Ѓорѓи Ѓурчинов, нејзиниот сопственик. Се одликува со строга симетрија и богато обработена со неокласични и необарокни елементи на југоападната фасада насочена кон шеталиштето. Кон европските стилови се придодадени и традиционалните архитектурни тенденции, како и личен дизајнерски елемент. Забележителни се слободно обработениот тимпанон, заоблените линии на прозорците и ложите, богато обработената ограда, играта на светлосенки во лаковите на катот, кои ја прават фасадата необично жива. На северозападната фасада се истакнува издадената веранда, која наликува на еркерната издаденост на традиционалната македонска староградска архитектура.[1]

На 11 декември 1989 година куќата е прогласена за споменик на културата.[3]

Поврзано

Наводи