Куќа на Љушеви

куќа во Охрид

Куќа на Љушеви — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Куќа на Љушеви
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеокласичен
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1936
Технички податоци
Катови3

Историја

Куќата се наоѓа на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 50 (или. 48).[2] Изградена е во 1936 година од непознати мајстори.[1]

Архитектура

Градбата се состои од приземје и два ката. Приземјето отсекогаш било предвидено за трговски цели, катовите за живеење. Изобилува со елементи на неокласичната архитектураеркерни балкони, украсни шамброни околу прозорците и пиластри на аглите. Фасадата е поделена и на хоризонтални полиња. Извесена е масивно, а меѓукатната и покривната конструкција се дрвени. Покривот е на две води со традиционални ќерамиди. Отворот на приземјето е голем и павоаголен, а на катовите отворите се помали, исто така правоаголни. Балконите имаат огради од ковано железо.[1]

Поврзано

Наводи