Куќа на Петруш Вангелов

куќа во Охрид

Куќа на Петруш Вангелов — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија под називот Куќа на ул. „Коста Рацин“ бр. 31.[1][2][3]

Куќа на Петруш Вангелов
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилстароградски
Адресаул. „Коста Рацин“ бр. 45
ул. „Коста Рацин“ бр. 49 (стара адреса)
ул. „Коста Рацин“ бр. 31 (стара адреса)
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век
Технички податоци
Катови3

Местоположба

Куќата е сместена во маалото Канео, на улица „Коста Рацин“ бр. 45 (стар бр. 31).

Архитектура

Куќата е сместена во маалото Канео, на улица „Коста Рацин“ бр. 45 (стар бр. 31). Изградена е во XIX век и претставува единствената преостаната староградска куќа во маалото. Се состои од приземје и два ката. Приземјето и дел од првиот кат се камени, а остатокот е бондручен. Катовите се еркерно издадени, потпрени на дрвени косници. Фасадата има дрвени опшиви на аглите, скромни стреи и ритмично распоредени отвори.[1] Била во сопственост на Петруш Вангелов.[2]

Галерија


Поврзано

Наводи